Новинарската кариера ја започна во 2015 година во Канал 5 телевизија како репортер во информативната програма. Родена е на 15.03.1992 година во Скопје. Од јануари 2022 година работи како соработник на Радио Слободна Европа од Скопје.
Стотина матични лекари ќе одат во пензија до крајот на годинава, што ги става во ризик ординациите, медицинските сестри и помладите лекари. Здружението на матични лекари бара промени во законот или наместо пензија продолжување на работата на лекарите. Министерството ги разгледува можните решенија.
Еден оброк дневно за многу граѓани почнува да станува недостижно. Податоците од Црвениот крст покажуваат дека за 30% е зголемен бројот на корисници на услугите на оваа хуманитарна организација, а редиците стануваат се поголеми и во народните кујни, каде се делат бесплатни оброци.
Бесплатните прегледи за жени кои не се здравствено осигурени воведен во 2016 година за намалување на смртноста на новороденчињата, се укинува. Министерството за здравство тврди дека и натаму сите може да добијат лекарски прегледи, невладините велат дека на терен не е така, а лекарите се загрижени.
Договорите од „Отворен Балкан“ со кои што се предвидува работници од Македонија, Србија и Албанија да конкурираат на пазарот на труд во сите три земји, не се ратификувани само во македонскиот парламент. Опозицијата не дава поддршка. Велат дека не им е јасна целта на „Отворен Балкан“.
Доцнењето на терапии поради тендерски процедури е проблем заради кој Здруженијата на пациенти бараат нешто да се смени во системот на набавки. Најпогодени пациентите со ретки болести чиј живот зависи од навремено земање на лековите.
Студенти од завршна година на факултети се бараат за да се пополни недостигот од наставен кадар по математика, или пак еден наставник мора да предава и по неколку предмети. Образованието импровизира додека факултетите остануваат без студенти кои се заинтересирани за наставничката работа.
Неколку стари бараки речиси целосно изгореа во пожар кој околу пладне избувна на Булеварот „11 Октомври“ во близина на Тутунскиот комбинат. Нема повредени. Причините за настанувањето на пожарот допрва ќе се утврдуваат.
Во ниту едно училиште нема сексуално образование. Пробно се предаваше лани во две училишта и покажа дека уште е табу, но има и голема заинтересираност. Бројот на малолетнички породувања во Македонија е три пати поголем отколку во замјите на ЕУ.
„Европрајд“ маршот заврши со концерти во паркот Ташмајдан откако учесниците ја поминаа скратената маршрута под огромно полициско обезбедување. Забележани се два помали инцидента, 64 лица се приведени, а 10 полицајци се повредени. Српската премиерка Ана Брнабиќ и се заблагодари на полицијата.
По неуспешните обиди да се состанат со некој од Владата, слепите лица одржаа протестен марш низ Скопје. Бараат поголем надомест за помош и нега и право на надомест за помагала.
Жителите на Шуто Оризари веќе го губат трпението чекајќи со децении да им се изградат улици, канализација и сите да имаат вода во домовите. Излегоа на протест со барања до градот и државата.
И во 21-виот век жителите на Шуто Оризари велат дека немаат ниту основни услови за живот, како што се улици, канализација и јавен превоз. И додека градската власт молчи, на жителите веќе им е смачено и стануваат сѐ погласни во барањата за поголеми права и подобрување на условите во кои живеат.
Македонија е земја со огромен потенцијал за развој на домашниот туризам, но анализите покажуваат дека многу малку се „продава земјава“ како дестинација, а потенцијалот не се користи во целост...
Преполнетите контејнери, ѓубрето оставено околу нив, фрлањето отпад „кој каде стигне“ е честа појава низ Скопје. Граѓанската или инстуционалната несовесност? Што е проблемот?
Преполнети контејнери, ѓубрето оставено околу нив, па дури и кога се празни, фрлање отпад „кој каде стигне“ е честа појава низ Скопје. Голем дел граѓани крајно несовесни, а надлежните за чистење на многу места затајуваат. Има ли решение?
Државата доби пресуда дека сторила директна дискриминација кон лицата со попреченост, не овозможувајќи им да го остварат правото на глас на последните избори, со тоа што не обезбедила пристап до избирачките места. Пресудата говори многу за состојбите и потребата од подобрување на истите.
Додека медицината „оди напред“ и во светот старите лекови се заменуваат со нови и поиновативни, во Македонија листата на лекови на државна сметка не е сменета повеќе од 10 години. Здравствените власти бараат уште време за да се утврди кои и какви лекови ќе бидат достапни на позитивната листа.
Учебната година утре ќе почне за околу 255 илјади основци и средношколци. Претходната учениците ја завршија без свидетелства, а новата дел од основците ќе ја започнат без учебници. Вакви се состојбите во образованието на само еден ден пред стартот на новата учебна година.
Поплавени улици, паркинзи, подруми, многу откорнати дрвја, паднати билборди и луѓе заглавени во своите автомобили остави зад себе невремето кое го зафати главниот град. Градоначалничката Арсовска свика итен кризен штаб. Екипите на ЦУК се на терен, засега нема информации за настанатите штети.
Владата денеска треба да прогласи кризна состојба во енергетиката. Минатата недела беше усвоен сет на препораки и задолженија за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија во пресрет на, како што се вели, тешката зима.
Вчитај повеќе