Новинарската кариера ја започна во 2015 година во Канал 5 телевизија како репортер во информативната програма. Родена е на 15.03.1992 година во Скопје. Од јануари 2022 година работи како соработник на Радио Слободна Европа од Скопје.
Гаснење пожари од литиумјонски батерии без отровни материи, ова е иновативен изум на мала македонска компанија, која освои прво место на натпревар во Америка. Но, колку Македонија поддржува иновативни компании?
Просветните инспектори вршат надзор во неколку факултети на УКИМ поради изјавите што ги барале од студентите при упис да потврдат под кривична и морална одговорност дека не конкурирале паралелно и на друг универзитет. Правниците велат - ова е противзаконско. Од УКИМ пак со свое објаснување.
Хаосот, гужвите, редиците и обидите да се најде слободно место на паркингот на клинички е долгогодишен проблем во најголемиот медицински центар во земјава каде се лекуваат граѓаните од целата држава.Иако низ годините беа најавувани катни гаражи, на терен засега само импровизации и делумни решенија.
Пред неколку дена познатиот американски актер Џон Малкович во Скопје изјави дека ќе се снимаат холивудски филмови, откако ќе се изградат филмски студија во околината на градот во рамки на проектот „Скопје технолошки парк“.
Откажани или одложени летови, изгубени куфери, чекање со часови и метеж, ваква е сликата летово низ европските аеродроми. Што го предизвикува хаосот на аеродромите и дали и како авиоиндустријата се справува со последиците од ковид пандемијата?
Откажани или одложени летови, изгубени куфери, чекање со часови и метеж, ваква е сликата летово низ европските аеродроми. На скопскиот аеродром, надлежните велат дека проблемите се главно на европските аеродроми.
Стотици лица годишно гинат во сообраќајни несреќи во земјава. Министерството за правда предлага нов член 403 „Безобѕирно управување со моторно возило“ што ќе се води како кривично дело кое предвидува парични или казна затвор до три години. Дали ова ќе ги намали црните статистики на патиштата?
Пожарите опустошија голем дел од шумите во Македонија. Штетите допрва се проценуваат. Во меѓувреме, останува апокалиптична слика во дел од најубавите и најживописни места во земјава. Дали и колку се возобнуваат опожарените површини и може ли да се спречат ваквите појави?
Предупредувањата дека земјава ќе треба да увезува работници веќе станува реалност. Компаниите се соочуваат со сериозен недостиг од работна сила. Државата ја зголемува квотата за работа на страци. Истовремено податоците на АВРМ покажуваат дека од странските работници најмногу „увезуваме’ управители.
Здравствените власти бараат уште време за вонредни инспекции во Клиниката „Жан Митрев“ за сомневањата дека се вршени експерименти со Ковид пациенти и непријавени бактериски инфекции. Министерот за здравство Сали тврди дека овој случај нема да биде заборавен и никој не е над законот.
Обвинителството, здравствениот инспекторат и Агенцијата за лекови почнаа со „чешлање“ на работата на приватната клиника “Жан Митрев“, по откритијата на ИРЛ, но првите наоди се најавуваат за утре. Во меѓувреме уште стотици други граѓани пријавуваат вакви случаи.
Здравствените власти го одбија барањето за продолжување на работниот однос на голем дел од лекарите кои наполниле 64 години. Ваквата одлука, ќе има драматични последици во системот кој и онака кубури со кадар, а особено со лекари специјалисти, тврдат лекари.
Здруженијата на пациенти со дијабетес бараат од државата да им обезбеди сензори за мерење на шеќерот во крвта со кои ќе им се олесни секојдневниот живот наместо да се боцкаат со игли и по десетина пати дневно. Меѓу пациентите има и 500 деца на кои што ова би им го променил животот на подобро.
Во Софија досега нема реакции за новиот француски предлог, а до овој момент никој од владините претставници не се изјаснил дали предлогот е прифатлив, вели новинарката на бугарскиот сервис на РСЕ, Елица Симеонова.
На повеќе од 50.000 луѓе во светот годишно им е потребна трансплантација на матични клетки за лекување на тешки заболувања на крвта. Секој може да помогне во трансплантацијата и да спаси нечиј живот со тоа што ќе стане потенцијален дарител на коскена срцевина. Дали и колку е застапено дарувањето?
Образованието е рефлексија на целокупното (не)фунцкионирање на сите сфери во општеството. Учениците не се виновни за резултатите од тестирањата кои укражуваат на загрижувачки состојби во образовниот систем. Причините треба да се бараат на друга адреса, сметаат некои професори.
Од следниот месец Владата ќе субвенционира до 30% за поставување на фотоволтаици. Дали и колку се исплати поставувањето на фотоволтаици, колку би го чинело едно семејство, и колку оваа мерка ќе помогне во енергетската криза?
Бугарскиот премиер Кирил Петков ќе го достави до парламентот францускиот предлог за укинување на ветото, откако Франција официјално ќе го достави во Софија. Во Скопје, пак, властите велат дека предлогот не стасал. Во меѓувреме во Бугарија е сменет претседателот на Собранието.
Од денеска повторно се ограничува маржата на трговците. Владината мерка доаѓа откако цените на основните прехранбени продукти драстично се зголемија. Граѓаните велат одвај врзуваат крај со крај и не само што цените се покачени туку и грамажата на одредени производи е намалена.
На што и да се греат граѓаните на зимо ќе им биде скапо. Но ,според пресметките на експертите, најевтино би било со таканаречени инвертер клими. Субвенциите за поставување на вакви уреди за домаќинства кои немаат парно продолжуваат .
Вчитај повеќе