Новинарската кариера ја започна во 2015 година во Канал 5 телевизија како репортер во информативната програма. Родена е на 15.03.1992 година во Скопје. Од јануари 2022 година работи како соработник на Радио Слободна Европа од Скопје.
Редовна комуникација со учениците и протоколи за користење на мобилните телефони, препорачува Владата за намалување на насилството во училиштата. Експертите се согласни дека добро е што државата ги адресира прашањата за менталното здравје и меѓуврсничкото насилство, иако сметаат дека е задоцнето.
Вакцинацијата против ХПВ опаѓа, предупредуваат лекарите. Во Карпош вакцинирани само 18% од девојчињата. Причината ја лоцираат во антивакциналните групи кои шират дезинформации. Статистиките покажуваат дека годишно во просек 150 жени заболуваат од рак на грлото на матката, а 40 ја губат битката.
Учебната година завршува за еден месец, а дел од учебниците и натаму ги нема. Од МОН велат дека прават напори и покрај долгите законски процедури, но засега е неизвесно и дали ќе ги има сите учебници и за следната учебна година. Учебници по англиски јазик не се одобруваат веќе три години.
Во Северна Македонија има сто јавни засолништа, но дали и колку се подготвени за евакуација на население и на одговор во случај на вонредна ситуација? Во поновите станбени згради веќе нема засолништа.
Додека некои земји ги одржуваат своите засолништа за итна употреба, други ги трансформираа во музеи. Во Северна Македонија има 100 јавни засолништа, но дали и колку се подготвени за евакуација на население и на одговор во случај на вонредна ситуација?
Пациентите се жалат дека со месеци чекаат за термин за одредени специјалистички прегледи. Многу пациенти кои немаат време да чекаат и по неколку месеци се приморани да си платат приватно или се вртат телефони и се фаќаат „врски“. Здравствените власти најавуваат измени во “Мој термин“.
Над половина милијарда евра лани потрошиле граѓаните во онлајн продавници. Но додека онлајн продажбата расте, растат и измамите, особено на социјалните мрежи. Околу 20% од поплаките во Организацијата на потрошувачи биле поради измами при онлајн купување.
Пациентите со цистична фиброза кои почнаа да го примаат лекот Трикафта велат дека здравствената состојба им е значително подобрена, но на сите кои уште немаат пристап до терапија здравјето им се влошува. Од Асоцијацијата најавуваат нов протести со барање лекот да е достапен за сите пациенти.
Случајот со 13-месечното бебе од Свети Николе кај кое беа дијагностицирани морбили го вклучи алармот кај здравствените власти. Нискиот степен на вакцинација во 2020 и 2021 ја зголемува опасноста малите сипаници повторно да се шират, а кај невакцинираните компликациите може да бидат сериозни.
Од денеска замрзнати се цените на 11 видови овошје и зеленчук. Доматите се замрзнаа на 70 денари, краставиците на 75, кромидот на 60, а портокалите и лимоните на 55 денари. Пазарџиите негодуваат, граѓаните пак велат дека замрзнувањето требало порано да се случи.
„Не веруваме во системот“, вели таткото на 6 годишната Јана која почина неколку часа откако била примена во битолската клиничка болница. И по една недела од смртта не се готови извештајите од обдукцијата и стручниот надзор.
Владата најави дека ќе ги замрзне цените на дел од овошјето и зеленчукот. Земјоделците порачуваат дека во таков случај, државата ќе треба да помогне во трошоците за производство. Граѓаните се жалат на високите цени, но според Министерството, нив ги креваат маржите на трговците и откупувачите.
Македонија последните 15 години години има континуиран пад на новозаболени со туберкулоза, а од 2019 година е во групата на земји со ниска инциденца. Сепак секоја година има заболени од туберкулоза. Вакцините БСЖ против оваа болест се безбедни во Македонија, потрдуваат здравствените власти.
Договорите кои го олеснуваат патувањето, студирањето и работата за граѓаните на земјите од Западен Балкан се потпишаа пред пет месеци. Но во повеќето од земјите, меѓу кои и Македонија, се уште не се ратификувани во парламентите.
Предрасудите, стереотипите и стигмата за лицата со Даунов синдром се уриваат, но многу бавно. Најголем проблем е борбата во институциите за нивна инклузија во сите делови на општеството. Државата уште не обезбедува образовни асистенти, а овие луѓе тешко можат да снајдат работа.
Жени страдаат од грешки во здравството, а правдата е бавна во случаите кога при „рутински“ операции остануваат и без неколку органи. Невладините алармираат за одолговлекувањето на случаите, но жените кои излегоа во јавност со своите случаи веруваат дека ќе добијат правда.
Учебната година за три месеци ќе заврши, а учениците се уште немаат добиено учебници по англиски јазик. Ниту учебниците за трето и шесто одделение по новата програма за следната година не стигнаа до учениците. МОН најавува нов закон, но наставниците се сомневаат дека тоа е решение.
Веќе цела година ги нема дел од лековите за епилепсија, алармираат од здруженијата на пациенти. Лекарите препишуваат алтернативна терапија. Од Агенцијата за лекови велат дека проблемот е на глобално ниво, а се должи на недостаток на активни супстанции за повеќе лекови.
Приватните автобуски превозници се враќаат во јавниот превоз во главниот град, откако се договориле со градоначалничката Арсовска да им го исплати долгот од 1,5 милиони евра, долг за кој градоначалничката тврдеше дека е резултат на криминал на превозниците.
Жените земјоделки не можат да остварат право на породилно отсуство. Воопшто не се споменати во законите со кои се регулира породилното, а Министерството за земјоделство повремено носи мерки да им исплаќа помош. Здруженијата бараат оваа дискриминација да престане со системско, а не „пилот“ решение.
Вчитај повеќе