Настаните на денот низ фотографии - 1 април 2020 година.
Пари, тунели и онлајн Априлијада

1
МАКЕДОНИЈА - УЕФА на итен состанок направи промени и ги помести баражите од Лигата на нациите за месец септември по што натпреваро меѓу Македонија и Косово по вторпат е одложен и ќе се игра во нов термин - во септември.

2
МАКЕДОНИЈА - На Клиниката за инфективни болести во Скопје од Ковид 19 починала една пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години, информираше министерот за здравство Венко Филипче и додаде дека во последните 24 часа се регистрирани 25 нови случаи на коронавирус во земјата, а 5 пациенти биле излекувани.

3
МАКЕДОНИЈА - Утрешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО ќе биде првиот на кој ќе учествува и Северна Македонија, најновата членка на Алијансата. Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, денеска го најави дневниот ред на министерскиот совет, кој за прв пат ќе се одржи преку видео врска поради панедемијата со коронавирусот.

4
МАКЕДОНИЈА - Поволно, неповолно и најнеповолно сценарио за справување со последиците што ги предизвика коронавирусот во економијата има Министерството за финансии, а најголемиот удар во сите се очекува во вториот квартал од годинава, изјави денеска министерката за финасии Нина Ангеловска.