Вести
Поранешниот албански претседател Мојсиу: Европа е единствениот пат за Албанија и Македонија

На Балканот постојано имало судири и недоразбирања и затоа со право се нарекува буре барут, токму поради тоа денеска треба да ги надминеме сите проблеми, а тие се надминуваат само со негова интеграција во НАТО и Европската унија, изјави за Радио Слободна Европа поранешниот албански претседател Алфред Мојсиу.
Тој рече дека „единиствениот исправен пат на Албанија и Македонија е патот кој води кон Европсклата унија.“ Мојсиу истакна дека Черчил неслучајно за Балканот рекол дека произведува повеке историја од другите региони и според него недоразбирањата земјите мора да ги надминат со интеграција во ЕУ и НАТО.
„Албанија е членка, но Македонија е веке членка на НАТО со тоа што само се очекува позитивен исход на референдумот на 30 септември. Сега зависи од Македонците како тие ке се изјаснат и ќе кажат дали тие се за членство во НАТО и ЕУ или не. Договорот со Грција на Македонија и гарантира влез во НАТО и ЕУ, затоа е добро да се гласа и референдумот да биде позититевн“, истакна Мојсиу.
види ги сите денешни вести
Пожари беснеат на повеќе локации во земјава, има жртва од пожарот кај Крива Паланка

Близу пожарот во село Лозаново кривопаланечко денеска полициски службеници од ОВР Крива Паланка е пронајдено починато лице.
Се врши увид на местото на несреќата на кој присуствува и јавен обвинител, а според првичните информации се работи за жртва од пожарот.
Токму во овој регион е еден од најголемите пожари кои беснеат во државата. Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски во видео на Фејсбук, повика на помош од државните институции и ги повика граѓаните да се приклучат во гансење на пожарот.
„Во моментот е повеќе од животозагрозувачка состојбата и сакам да ве повикам и на смиреност и на вклученост во акцијата. Жал ми е што државна помош се уште не е пристигната и покрај инсистирањето, сметам дека треба ургентно соодветно да им се пружи помош. Жал ми е што огнената стихија го зафаќа населеното место од десниот брег на градот. Ситуцијта е животно загрозувачка“, вели Митовски.
Пожарот кај Блаце пак е активен поради што затворен е магистралниот пат Скопје-Блаце и граничниот премин.
„Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот. Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста”, велат од МВР.
Пожарот кај Блаце избувна на 6 јули, но по два дена беше изгасен.
До пладне се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено низ целата земја, од кои 10 се сè уште активни, а 4 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.
Меѓу активните пожари, се истакнуваат неколку во општините Македонски Брод, Чашка, Дојран, Кавадарци и Велес. Пожарите се изгаснати во општините Бутел, Старо Нагоричане, Демир Хисар и Прилеп.
Центарот за управување со кризи информира дека на подрачјето на Град Скопје активни се четири пожари. Ниска вегетација гори во во Општина Чучер Сандево, црквата Св.Никита.
Пожарот во приватната депонија во Волково е се уште активна, а пожар има и кај Стенковец кој се движи кој бензиската пумпа Дизел.
Ниска вегетација гори во Волково, Општина Ѓорче Петров, а сува трева е опожарена кај Катланово.
Хеликоптер од рано утрово учествува во гаснењето на пожарот над селото Николич во околината на Дојран, а еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување се вклучи во гаснењето на пожарот над фабриката „Самоков“ во општина Македонски Брод.
Инаку, Владата прогласи кризна состојба и нареди формирање на кризен штаб од повеќе надлежни институции, со цел координирано и мобилизирано справување со пожарите.
Пожарите ја земаа првата жртва пред три денови кога во штала во близина на железничката станица „Ѓорче Петров“ која изгорела во пожар беше пронајдено тело на човек.
Мицкоски: Не сакам никој да ми спомнува дека бугарското малцинство било проблем

„Со овој срамен амандман светот виде со какви предизвици и неправди се соочуваме како држава и народ во 21 век“, изјави денеска на вонредна прес конференција македонскиот премиер Христијан Мицкоски по изгласувањето на Извештајот за напредокот на Северна Македонија во кој со амандман беа избришани зборовите македонски јазик и идентите.
Тој посочи дека со тој амандман може комотно и на очиглед на сите, да и се каже на Европа дека вистината излегла на виделина.
Амандманите со кои се бараше да се отстрани македонскиот јазик и идентитет од европскиот Извештај за напредокот на Северна Македонија за 2023 и 2024 година добија широка поддршка на пленарната седница на Европскиот Парламент.
Тие беа дел од петте амандмани кои беа изгласани на денешната пленарана седница на Европскиот парламент на кој беше изгласан Извештајот изготвен од известувачот, австрискиот европратеник Томас Вајц со 421 глас „за“ а 121 „против“.
На вонредната прес конференција од просториите на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека Македонија е блокирана на европскиот пат од Бугарија, но не од сега, туку уште од 1990 година, со својата како што вели, јасна агенда да ги уништи македонската нација и идентитет.
„Не бевме наивни, ги знаевме односи во Унијата, ги знаевме трговските практики и начинот на одлучување. Знаеме дека во Унијата има неретко конфликт меѓу вредностите и прагматизмот на на политиката, трговијата со судбини. Сето ни беше совршено јасно, токму затоа потсетувам на признавањето на Бугарија во 90-тите како прв сосед“, изјави Мицкоски по повод гласањето на извештајот во ЕП.
Според премиерот, македонската историја е втемелана на неправди, која има корени во неодговорните македонски политичари.
„Најголемиот проблем за понижувањата низ нашата модерна историја тие имаа темели во разни структури и во корумпирани политичари и неодговорни лидери кои не водеа сметка за долгорочните цели и интереси на Македонија“, изјави Мицкоски.
Според него уставните измени не се проблем.
„Не сакам никого, никогаш и никој да ми споменува дека бугарското малцинство е проблем, тие неколку стотина луѓе кои се чувствувале како Бугари, дали биле во Уставот, или не биле не се никаков проблем. Уште утре можеме да ги внесеме, но суштината е многу подлабока од тоа. И тоа сосема јасно се виде по чекорите кои ги презеде нашиот источен сосед низ европските ходници. Ќе остане запишано дека европскиот извештај со македонски јазик и идентет помина на АФЕТ и денеска пред да се донесе оној срамен амандман се најде на маса пред сите европратеници, за прв пат во независна Македонија“, изјави Мицкоски.
Европскиот парламент денеска со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година. Пред гласањето по документот, беа усвоени амандманите предложени од европратениците Анджеј Халицки во име на Европската народна партија (ЕПП), Кетлин Ван Бремпт во име на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократиите (СД) и Дан Барна во име на либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ), со кои се избришани делови од текстот во Извештајот каде се споменуваа „македонскиот јазик и идентитет“.
За Извештајот првично требаше да се гласа на 4 јуни, но, беше одложен поради интензивни политички притисоци од бугарските европратеници затоа што што на две места во предложениот текст се спомнуваше „македонскиот идентитет и јазик“.
Интерконекторот со Грција треба да донесе стабилно снабдување со гас

Денеска (9 јули) официјално беше означен почетокот на изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција која треба да чини 60 милиони евра. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека оваа стратешка инвестиција ќе ја направи земјава регионална енергетска крстосница, а тоа, како што рече, ќе значи повеќе извори на природен гас, повеќе стабилност и пониски трошоци.
„Ова не е само инвестиција во цевки и бетон, туку уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјата, во нејзиниот целокупен економски развој и во нејзината просперитетна иднина. Преку реализацијата на овој проект, како и најавените поврзувања со гасоводните системи на останати наши соседи, стануваме значајна енергетска крстосница, што очекувам дека ќе донесе конкретни придобивки за целиот регион, а пред сè за македонските граѓани и домашната економија“, рече Мицкоски.
Премиерот информира дека со овој проект ќе бидат изградени 66,7 километри гасовод на македонска територија, со цевки со дијаметар од 700 милиметри. Почетниот капацитет е 1,5 милијарди кубни метри гас годишно, кој што може да се зголеми и до 3 милијарди. Вкупната вредност на проектот е околу 3,7 милијарди денари, или околу 60 милиони евра.
Изградбата на интерконкторот, како што посочи амбасадорката на САД Анџела Агелер, е долгоочекуван проект кој демонстрира независност и ги зајакнува врските во однос на енергијата и економскиот развој.
„Стратешка ивестиција во безбедноста, просперитетот и суверентитет. Важно е да се направи енергетска диверзифкација. Важна е регионаната соработка партнерство. Како најголем производител на ЛНГ, САД сака нашиот гас да се пренесува преку овој гасовод наскоро. Сакаме да видиме економска сигурност и безедност и регионален развој што тој проток ќе го донесе за сите нас. Партнерствата со пријателите и соседите се докажува дека се многу повеќе од бирократски и политички маневри“, порача Агелер.
Изведувачот на работите, кумановската компанија „Рапид билд“ треба да ги заврши работите за 22 месеца, односно интерконкторот да биде готов во 2027 година.
Од грчка страна интерконекторот е со должина од 123 километри и е речиси готов.
По Додик, укинат притворот и на премиерот и на претседателот на Собранието на Република Српска

Судот на Босна и Херцеговина им го укина притворот на Радован Вишковиќ, премиер на Република Српска (РС) и на Ненад Стевандиќ, претседателот на Собранието на РС, објави Радио-телевизија на Република Српска.
Рочиштето се одржа во среда, 9 јули, на кое им беа изречени мерки на забрана, односно мерката за јавување кај надлежниот полициски орган на секои 14 дена, се додава во соопштението.
Пред неколку дена, оваа судска институција му го укина притворот на претседателот на РС, Милорад Додик.
Во март оваа година, Обвинителството на Босна и Херцеговина издаде налог за апсење на тројцата до судската полиција.
Во наредбата за апсење, тие се обвинети за сторено кривично дело „напад врз уставниот поредок“.
Наредбата е издадена на денот кога Народното собрание на РС требаше да го разгледа Нацрт-уставот на РС, со кој властите во РС планираат да го дефинираат тој ентитет во Босна и Херцеговина како држава на српскиот народ, да му дадат право на самоопределување, да формираат сопствена армија и да го укинат Советот на народите.
Кривичниот законик на Босна и Херцеговина предвидува казни до пет години затвор и забрана за вршење службени должности ако некој „нелегално се обиде да го промени уставниот поредок на БиХ или да ги собори нејзините највисоки институции“.
Во меѓувреме, Уставниот суд на Босна и Херцеговина донесе привремена мерка за непримена на Законот за посебен регистар и јавност на работата на непрофитните организации. Барањето го поднесе Кемал Адемовиќ, заменик-претседател на Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина.
Овој закон, кој беше усвоен од Собранието на РС, воведува строга контрола врз работата на граѓанскиот сектор во РС, моделирана според рускиот закон.
Додик рече дека законите ќе се применуваат и покрај оваа одлука.
Најновите закони наидоа на речиси целосна осуда низ целиот свет, од државниот секретар на САД, Марко Рубио, преку генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, до неколку странски амбасади во Босна и Херцеговина.
Топлотниот бран тројно го зголемил бројот на жртви во големите европски градови

Климатските промени речиси тројно го зголемиле бројот на смртни случаи поврзани со топлина во големите европски градови за време на екстремниот топлотен бран од крајот на јуни до почетокот на јули, покажува нова студија од истражувачи од Велика Британија, Данска, Холандија и Швајцарија.
Тие ги анализирале условите во 12 големи европски градови помеѓу 23 јуни и 2 јули. Според нивните проценки, околу 2300 лица починале од причини поврзани со топлина во овој десетдневен период, при што околу две третини од смртните случаи – приближно 1500 – се припишуваат на климатските промени, пренесува ДПА.
Температурите во многу градови достигнаа екстремни нивоа, често надминувајќи 40 степени Целзиусови.
Според студијата, без глобалното затоплување, кое ги зголемило дневните температури за дополнителни 1 до 4 степени Целзиусови, околу 800 лица би починале од топлина.
Истражувачите ги споредиле реалните температури забележани во градовите со моделирани вредности што би се случиле без климатски промени, пресметувајќи го очекуваниот број на смртни случаи за двете сценарија.
Топлотниот бран особено ги погоди ранливите групи, како лицата со хронични болести и постарите лица, при што 88 отсто од проценетите смртни случаи биле кај лица над 65 години.
Се шири пожарот во Визбегово, едно лице е повредено

Едно лице е повредено во пожарот што денеска (9 јули) избувна на дивата депонија во Визбегово. Во пожарот се зафатени хаварисани возила со плински боци поради што се слушаат детонации. Нема зафатено куќи.
Министерството за внатрешни работи потврди дека едно лице е повредено и пренесено за укажување лекарска помош.
„Денеска (09.07.2025) во 09.16 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите. До сега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот. До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош“, стои во информацијата од МВР.
Во гаснењето на пожарот покрај пожарникари и возила од Комунална хигиена, вклучени се и еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер.
Центарот за управаување со кризи (ЦУК) му укажа на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, доколку се процени дека има потреба, да го евакуира населението.
Пожарот избувна рано утрината, а во првичната изјава дадена за МИА командатот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески информираше дека интервенираат со четири возила.
Густиот чад од пожарот се гледа од неколку страни на градот, а граѓаните споделуваат слики и видео на социјалните мрежи.
Тројца мажи поврзани со руската група Вагнер осудени за подметнување пожар во Лондон

Британска порота осуди тројца мажи за подметнување пожар во магацин во Лондон каде што била складирана опрема наменета за Украина, во заговор за кој обвинителите велат дека бил организиран од оперативци поврзани со руската платеничка компанија „Вагнер“.
Пресудата, донесена на 8 јули, беше најновата во серијата што го истакна она што западните разузнавачки претставници го нарекуваат тајна кампања на руски разузнавачки оперативци кои вработуваат луѓе за да вршат саботажи или надзор.
Обвинителите изјавија дека тројцата мажи - 23-годишниот Нии Менса, 23-годишниот Џаким Роуз и 20-годишниот Угниус Асмена биле осудени за пожарот во март 2024 година во магацин во сопственост на Украинец во источен Лондон.
Складиштето се користело за складирање на генератори и сателитска опрема на StarLink, што било клучно за помагање на украинските сили на фронтот.
Официјалните лица изјавија дека тројцата биле регрутирани од двајца други мажи, 20-годишниот Дилан Ерл и 23-годишниот Џејк Ривс.
Според обвинителите, Ерл и Ривс кои претходно се изјаснија за виновни по поврзани обвиненија - биле контактирани и регрутирани да го извршат палењето од страна на оперативци на „Вагнер груп“, која е најпознатата приватна воена компанија во Русија.
Истражителите рекоа дека Ерл контактирал со руските разузнавачки оперативци преку Телеграм, канал што го користел Вагнер и им понудил да извршуваат работни места или задачи.
Ерл и Ривс потоа наводно регрутирале уште тројца да го нападнат магацинот, иако не знаеле дека работат во име на Вагнер, изјавија британски официјални лица.
Операциите и угледот на „Вагнер“ делумно се намалија откако нејзиниот основач, Евгениј Пригожин, загина во мистериозна авионска несреќа во август 2023 година, два месеци откако предводеше неуспешен бунт против Кремљ. Компанијата беше во голема мера распуштена, а многу од нејзините единици беа интегрирани од Министерството за одбрана и други безбедносни агенции.
Други комерцијални субјекти поврзани со Пригожин или Вагнер продолжуваат да работат во Африка и на други места. Официјалните лица изјавија дека Ерл и Ривс, исто така, се изјасниле за виновни по обвиненијата поврзани со посебен заговор за киднапирање на Русин, кој е отворен критичар на Кремљ и палење на добро познат ресторан што го поседува во луксузниот лондонски кварт Мејфер.
Евгениј Чичваркин, беше сопственик на руска компанија за мобилна телефонија кој избега во Велика Британија во 2009 година, поради серија руски кривични истраги против него. Подоцна, тој стана гласен критичар на владата на претседателот Владимир Путин.
Украина тврди дека Русија го извршила најголемиот напад со ракети и дронови досега

Киев објави дека Русија го извршила најголемиот ракетен и беспилотен напад во нејзината повеќе од тригодишна инвазија на Украина, погодувајќи претежно западни региони.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија нападнала со 728 дронови и 13 ракети, додавајќи дека украинските системи за противвоздушна одбрана пресретнале 711 дронови и уништиле најмалку седум ракети, објави АФП.
„Ова е симболичен напад, кој се случи во време кога се вложуваат толку многу напори за постигнување мир, за постигнување прекин на огнот. Но, само Русија продолжува да ги поткопува“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи.
Тој ги повика сојузниците да ги заострат санкциите кон Русија, особено нејзиниот енергетски сектор, клучен извор на приходи за воената каса на Русија.
„Нашите партнери знаат како да извршат притисок на начин што ќе ја принуди Русија да размислува за завршување на војната, а не за извршување нови напади“, додаде Зеленски.
Префектот на западниот град Луцк, Игор Полишчук, изјави дека пожарите избувнале во „претпријатие“ и дека нема пријавено мртви или повредени лица.
Најновиот напад го надмина претходниот руски рекорд од 550 дронови и ракети лансирани претходно овој месец.
„Русија го изврши овој напад откако Соединетите Држави јавно изјавија дека ќе не снабдат со оружје“, изјави на социјалните мрежи шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак.
Ова се случи откако Соединетите Држави го променија својот став за намалување на испораките на оружје за Украина.
Кошта: Ја зајакнавме европската одбрана, но потребно е многу повеќе

Постигнавме значаен напредок во зајакнувањето на одбраната, но можеме и мораме да направиме уште многу повеќе, дејствувајќи заедно како Европејци, порача денеска (9 јуни) претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во обраќањето на дебатата во Европарламентот посветена на резултатите од јунскиот Самит на ЕУ.
„Руската инвазија на Украина беше повик за будење за Европа. Таа покажа дека мирот без одбрана е илузија. НАТО е неопходен. Но, Европската Унија има јасна додадена вредност, всушност има фундаментална улога и е подготвена да преземе поголема одговорност“, истакна Кошта.
Тој потенцира дека во вакви услови ЕУ им овозможи на земјите членки поголем фискален простор и средства за одбранбени трошоци, го подобрува трошењето, преку стандардизација и заеднички набавки и ги поттикна истражувањето и иновациите за одбрана.
Според него, заедно со зголеменото и подобреното трошење, ЕУ треба да работи и на имплементирање на заеднички одбранбен систем, инвестирајќи во стратешки капацитети како што се противвоздушната одбрана, поморската безбедност, Вселена или кибер просторот.
„Не зборувам за Европска армија. Зборувам за заеднички добра управувани од нашите национални армии, според заеднички план. Поминаа деновите на залудни дискусии за улогите на ЕУ и НАТО во градењето на „Европа на одбраната“. Сега е јасно дека зајакнувањето на европската одбрана е најдобриот начин за зачувување на стабилен трансатлантски сојуз“, рече Кошта.
Тој додаде дека паралелно со зголемување на безбедноста и одбраната на Европа, ЕУ работи и на зајакнување на нејзината конкурентност, со цел привлекување повеќе инвестиции, создавање подобри работни места, зацврстување на економската отпорност и поддршка на европскиот социјален модел.
Според него, за постигнување на овие цели, ЕУ мора да работи на воспоставување на трговски партнерства низ целиот свет, со што ќе се обезбедат иновациите, просперитет, квалитетни работни места и привлекување стручен кадар.
Пожарот во Дојран се гаси со хеликоптер, тој во Чучер Сандево е целосно изгаснат

Хеликоптер од рано утрината (9 јули) учествува во гаснењето на пожарот над селото Николич во околината на Дојран, а еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување ќе се вклучи во гаснењето на пожарот над фабриката „Самоков“ во општина Македонски Брод.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов очекува овие два тешки пожари во текот на денот да бидат ставени под целосна контрола.
„Нашиот фокус денеска ќе биде на гаснење на пожарот во околината на Дојран над селото Николич. Овде има една сосем мала брана која што хеликоптерот ја користи за полнење на вода и дејствува врз овој тежок пожар кој се наоѓа на исклучително стрмен терен. Затоа денеска го користиме хеликоптерот кој со кратки налети од три до четири минути брзо и ефикасно делува врз пожарот. Моја претпоставка е дека за неколку часа овој пожар ќе биде ставен под целосна контрола, а верувам и изгаснат“, изјави Ангелов.
Голем пожар утринава има и во Визбегово. Според првичните информации од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје гори отпад.
Командантот на ТППЕ на Град Скопје Звонко Томески во изјава за МИА вели дека на терен се испратени четири возила кои интервенираат заедно со две возила од „Комунална хигиена“.
Ангелов се надева дека денеска под контрола ќе биде ставен и пожарот над фабриката Самоков во Македонски Брод.
Рано утрово, како што информираше, целосно е изгаснат и пожарот што три дена гореше во атарот на Чучер Сандево.
Владата вчера (8 јули)донесе одлука за прогласување кризна состојба на територијата на државата заради зголемена појава на пожари, со времетраење од 30 дена.
Од Владата ги повикаа граѓаните на максимална внимателност и почитување на сите препораки и забрани, со цел, како што рече, заеднички да се надмине оваа состојба.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете