Британија, светските лидери и членови на кралското семејство од целиот свет денеска се збогуваат со кралицата Елизабета на државен погреб со неповторливa величественост. Тоа е првиот државен погреб по смртта на премиерот Винстон Черчил во 1965 година.
Во историската Вестминстерска сала во Лондон изутрината заврши четиридневното оддавање почит во кое стотици илјади луѓе чекаа во редици да минат покрај ковчегот на 96 годишниот монарх кој помина седум децении на британскиот трон
Последно збогум за Кралицата

29
Ковчегот на Елизабета ќе биде погребан покрај нејзиниот сопруг принцот Филип, кој почина во минатата година на 99-годишна возраст, во меморијалната капела на кралот Џорџ Шести, каде што исто така се погребани нејзините родители и сестра и, принцезата Маргарет

30
Камила, кралицата сопруга

31
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон со сопругата

32
Американскиот претседател Џо Бајден