Аналитичари: Нападите со дронови врз Русија се „целосен колапс“ на безбедносната архитектура
Координираниот напад на украински дронови врз бомбардери со долг дострел длабоко во руската територија, воените набљудувачи го нарекуваат голем удар против Москва и драматична нова офанзивна стратегија. Украинските власти соопштија дека беспилотните летала биле прошверцувани во Русија со камиони и извршиле напади од непосредна близина, избегнувајќи ја радарската одбрана. Еден воен аналитичар рече дека тоа укажува на „колапс“ на безбедносните системи.