Проблематичната историја на бугарскиот советски споменик
Неодамнешниот вандализам врз познатата колона од споменикот на Црвената армија во центарот на Софија е последниот во низата симболични напади против Кремљ изразени врз споменикот. Како беше „напаѓан“ Кремљ преку споменикот низ времето наназад...

5
Во јуни 2011 година, релјефот на споменикот на кој се прикажани советски војници како напредуваат во битка, беше пресликан од непознат автор и беа портретирани јунаци од американски стрипови и бајки, како Роналд Мекдоналд и Дедо Мраз. Графитот под ликовите „вели“: „Moving With The Times“.

6
Истиот релјеф од претходната фотографија беше видно покриен со шарени качулки во август 2012 година во знак на поддршка за челнките на руската музичка и активистичка група Пуси Рајот. Групата се најде на насловните страници извесно време пред оваа „интервенција“ врз споменикот, откако изведе контроверзна протестна песна во московската црква Христос Спасителот.

7
Советските војници од познатиот споменик беа обложени со розова боја и беше напишан графит: „Бугарија се извинува“ на бугарски и на чешки јазик во август 2013 година. Овој потег очигледно се однесуваше на учеството на бугарскиот комунистички режим во уништувањето на Прашката пролет, уништување предводено од Кремљ 45 години претходно, во 1968 година.

8
Во март 2014 година активисти насликаа две фигури во боите на украинското и полското знаме. Текстот со спреј се повикува на руското преземање на Крим и масакрот во шумата Катин во кој Советите убија речиси 22.000 заробени Полјаци.