Настаните на денот низ фотографии - 21 август 2023
Ветувања и војувања

1
БИХ - Министерот за внатрешни работи на кантонот Тузла (МУП ТК) Хајрудин Механовиќ потврди за Радио Слободна Европа (РСЕ) дека маж ја убил својата невенчана сопруга во семејната куќа недалеку од Живинице, на североистокот на Босна и Херцеговина. После тоа извршил самоубиство. Ова е второ убиство во изминатите десет дена во Босна и Херцеговина во кое маж ја убил својата невенчана сопруга.

2
ГРЦИЈА - Лидерите на неколку балкански земји учествуваат на денешната неформална вечера во Атина со гости од Европската Унија по повод 20-годишнината од усвојувањето на солунската Декларација. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис приредува неформална вечера за највисоките функционери од девет балкански земји, како и за претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Кабинетот на Мицотакис соопшти дека на вечерата ќе присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, по разговорите со грчкиот премиер.

3
МАКЕДОНИЈА - Улогата на матичните лекари да се засили, да се намалат административните процедури за хронична терапија, но и дел од пациентите да добијат можност за преглед кај матичниот лекар ако претходно електронски си закажат термин. Министерот за здравство, Фатмир Меџити најави реформи во примарното здравство за кои вели дека веќе се почнати.

4
МАКЕДОНИЈА - Да нема дискриминација по однос на законските одредби за покачување на платите кога се работи за функционери во споредба со работниците, бара Сојузот на синдикатите на Македонија. Од таму поднесоа предлог до Собранието за намалување на платите на функционерите за 78 отсто. Со него бараат итни измени на член 11 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица во државата.