Настаните на денот низ фотографии - 20 октомври 2023
Газа виа Стара Чаршија

1
САД - Американскиот претседател Џо Бајден, во телевизиско обраќање до нацијата, ги осуди милитантната организација Хамас и рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека зад нападот врз Израел и инвазијата на Украина стои заеднички мотив.

2
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Група граѓани со транспаренти „Слобода за Палестина“ денеска се собраа на протест којшто се одржа пред Мурат Пашината Џамија во Старата скопска чаршија. Тие побараа „да престанат нападите во Палестина“. Според најавите, протест „за поддршка на палестинскиот народ“, беше организиран од страна на неколку здруженија кои својата дејност ја вршле во земјава и кои за таа цел формирале Платформа.

3
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Предлог законот за амнестија е ставрен на дневен ред по скратена постапка на 129. седница во Собранието закажана за 2 номеври оваа година. На дневниот ред на истата седница е ставена и интерпелацијата за работата на Јавниот обвинител Љубомир Јовески, како и Предлог на одлука за објавување на јавен оглас за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

4
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека се спремни за предлозите од СДСМ за разговор околу изборите и дека во партијата прифаќаат да бидат формирани работни групи за утврдување на датумот за одржување на изборите во 2024 и бара тие што поскоро да се сретнат.
„Еве им признавам дека победија, нема предвремени избори, редовни ќе бидат изборите“, вели Мицкоски по денешната посета на Општина Гази Баба.
„Еве им признавам дека победија, нема предвремени избори, редовни ќе бидат изборите“, вели Мицкоски по денешната посета на Општина Гази Баба.