Настаните на денот низ фотографии - 20 октомври 2023
Газа виа Стара Чаршија

5
БИХ - Министерството за финансии на САД воведе нови санкции за претседателот на Република Српска Милорад Додик. Според Министерството, санкции биле наметнати на „прорускиот националистички лидер на босанските Срби“, како и на други поединци и ентитети поврзани со него.

6
ИЗРАЕЛ - Хамас понудил ослободување на некои од заложниците во замена за итен прекин на огнот, додека продолжуваат разговорите за ослободување на 203-те заложници кои се држат во Газа, потврди Би-Би-Си. Израел се уште не се согласил на тоа. Хамас не ги држи сите заложници. Некои ги држат други вооружени милитантни групи.

7
СЕЕРНА МАКЕДОНИЈА - Во наредните осум до десет дена ќе биде свикан Советот за безбедност, на чиј дневен ред ќе бидат состојбите на северот на Косово, војната во Украина и последните случувања на Блискиот Исток, конфликтот Хамас – Израел, најави претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски.

8
РУСИЈА - Кремљ соопшти дека новите изјави на американскиот претседател Џо Бајден, во кои тој го спореди рускиот претседател Владимир Путин со палестинската милитантна организација Хамас - се „неприфатливи“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека сега е потенцијално опасно време и дека заканата за руските граѓани експоненцијално ќе расте кога Израел ќе ја започне својата очекувана копнена операција за да се обиде да го истера Хамас од Газа.