Настаните на денот низ фотографии - 25 октомври 2023
Гранати и даноци

1
ГЕРМАНИЈА - Германската влада во средата повика на доставување хуманитарна помош до жителите на Газа во интервали, со оценка дека целосен прекин на огнот нема да биде соодветен во конфликтот меѓу Израел и Хамас.

2
РУСИЈА - Русија успешно ја тестираше својата способност да изведе масовен одмазднички нуклеарен напад од копно, море и воздух, соопшти Кремљ на 25 октомври, пренесува Ројтерс.
„Практично лансирање на балистички и крстаречки ракети се случи за време на тестирањето“, се вели во соопштението.
Државната телевизија го прикажа министерот за одбрана Сергеј Шојгу како разговара со Путин за време на вежбата.

3
ОН - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш денеска изјави дека е „шокиран“ од, како што рече, „погрешно претставување“ на неговите изјави.
„Шокиран сум од погрешното претставување на некои од моите изјави вчера во Советот за безбедност - како да ги оправдувам терористичките акти на Хамас“, им рече Гутереш на новинарите.
„Шокиран сум од погрешното претставување на некои од моите изјави вчера во Советот за безбедност - како да ги оправдувам терористичките акти на Хамас“, им рече Гутереш на новинарите.

4
БЕЛГИЈА - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на 19 ноември ќе престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина. Ова е негова прва посета на БиХ, потврдија за Радио Слободна Европа (РСЕ) од Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина. Не е прецизирана причината за неговото доаѓање.