Настаните на денот низ фотографии - 31.10.2023
Синџири, фудбал и ракети

5
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека е информиран оти власта подготвува нов закон со кој се заштитуваат деловните тајни, но се уште го нема добиено. Тој смета дека овој закон е поврзан со проектот за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10Д.

6
ФРАНЦИЈА - Француската полиција за борба против тероризам пукаше во невооружена жена која наводно се заканувала на неколку случајни минувачи на железничката станица. Како што пренесува „Ројтерс“, жената носела хиџаб и извикувала „Алаху Акбар“, како и „сите ќе умрете“, рече шефот на полицијата во Париз, Лорент Нунез.

7
БИХ - Министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ денеска изјави дека и во оваа земја постои опасност од терористички напад, па тамошните безбедносни агенции ги зголемија мерките за претпазливост, пренесуваат тамошните медиуми.

8
САУДИСКА АРАБИЈА - Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Светското првенство во 2034 година, откако Австралија ја повлече својата кандидатура. Фудбалскиот сојуз на Австралија ја потврди одлуката за повлекување на понудата, само неколку часа пред истекот на рокот. Со ова Саудиска Арабија остана единствениот кандидат за домаќин на престижното натпреварување.