Достапни линкови

Вести

Ковачевски вели дека бугарската такса за рускиот гас ќе ја зголеми цената на струјата за 20 отсто

илустрација
илустрација

Бугарската такса за рускиот гас е нешто што не треба да биде воведено, вели премиерот Димитар Ковачевски. Ваквиот став го пренел и на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен која пред два дена беше во посета на Скопје.

„И јас си министерот за економија реагиравме во ЕК, јас преку претседателката на Европската комисија тој преку соодветните директорати, дека оваа такса е нешто што не треба да биде воведено. Целокупниот капацитет на влезната страна кон Северна Македонија е даден од страна на Бугарија на „Гаспром“, што значи дека ваква такса ќе предизвика зголемување на цената на електричната енергија и затоплување кај нас до 20 проценти. Затоа побаравме да се ослободи капацитет, за да може Северна Македонија да набавува гас од други извори за гас кој нема да биде руски и нема да биде дополнително оптоварен со оваа такса“, рече премиерот Ковачевски.

Тој извести дека во моментов се водат разговори и на ниво на Европска Унија и со Бугарија со соодветното министерство за да се ослободи капацитети за Македонија. Ковачевски потсети дека минатата година во преговори, исто така со Европската комисија и Бугарија, успеале да ослободат капацитет за набавка на гас кој не е исклучиво во сопственост на „Гаспром“ и се надева дек и оваа година ќе успеат да се договорат.

Инаку Бугарија воведе нов данок за увоз и пренос на рускиот гас преку гасоводот Турски тек, на кој остро реагираа Србија и Унгарија.

Гасот кој доаѓа во Северна Македонија главно го троши индустријата и трите постројки на компанијата за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО, додека учеството на домаќинствата речиси е незначително во вкупната потрошувачка заради ограниченото ширење на дистрибутивната мрежа.

види ги сите денешни вести

Поплавите во Тексас однесоа 50 животи, спасувачите трагаат по исчезнатите

Спасувачите ги пребаруваат бреговите на реката Гвадалупе откако ненадејните поплави ја зафатија областа, 5 јули 2025 година, во Хант, Тексас.
Спасувачите ги пребаруваат бреговите на реката Гвадалупе откако ненадејните поплави ја зафатија областа, 5 јули 2025 година, во Хант, Тексас.

Спасувачите рано на 6 јули бараа 27 девојки кои исчезнаа од летен камп покрај река во Тексас откако поројните дождови предизвикаа катастрофални поплави во кои загинаа најмалку 50 лица во американската држава.

Повеќе предупредувања за поплави останаа на сила низ централен Тексас откако водата навлезе во населбите, а реката Гвадалупе се искачи за осум метри за само 45 минути.

Летниот камп во округот Кер, каде што престојуваа стотици луѓе, беше хаос, со ќебиња, мечиња и други работи покриени со кал.

„Пронајдовме 43 мртви лица во округот Кер. Меѓу мртвите се 28 возрасни и 15 деца“, рече Лари Леита, шериф на регионот погоден од поплавите.

Шефот на Одделот за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, рече дека крајбрежната стража на САД „работи низ бури“ за да ги евакуира луѓето.

Шефот на Одделот за управување со вонредни состојби во Тексас, Ним Кид, изјави дека воздушни, копнени и водни екипи пребаруваат по реката Гвадалупе за преживеани и тела.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, изјави дека продолжувањето на потрагата во текот на ноќта е неопходно бидејќи „секој час е важен“.

Поплави во Романија го затворија еден од најголемите рудници за сол во Европа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

Поплавите започнаа на 4 јули.

Националната метеоролошка служба (NWS) предупреди дека се прогнозираат повеќе дождови и дека „прекумерното истекување може да доведе до поплавување на реки, потоци, потоци и други ниски и склони кон поплави локации“.

Ненадејните поплави, кои се случуваат кога земјата не е во состојба да апсорбира обилни врнежи од дожд, не се невообичаени.

Но, многу научници велат дека во последниве години, климатските промени предизвикани од човекот ги направија екстремните временски настани како што се поплавите, сушите и топлотните бранови почести и поинтензивни.

Извор: AFP

Орце Ѓорѓиевски кандидат за градоначалник на Скопје

Орце Ѓорѓиевски - кандидат за градоначалник на Град Скопје
Орце Ѓорѓиевски - кандидат за градоначалник на Град Скопје

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, е кандидат за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори што ќе се одржат во октомври.

Одлуката ја соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, по денешната седница на Извршниот комитет што се одржа во седиштето на партијата во Скопје, истакнувајќи дека се темели на анкетите кои покажуваат дека Ѓорѓиевски води убедливо дури и петпати повеќе во однос на решенијата што се споменуваат од СДСМ, а како градоначалник покажал резултати.

„За овој период што го познавам Орце знам дека е мотивиран да победува прво на изборите, а потоа секој ден за Град Скопје. Ѓорѓиевски ќе биде нова енергија која му е потребна на Скопје, после четири години девастација на градот. Ги научивме сите лекции за да не погрешиме во изборот на градоначалник овојпат“, рече Мицкоски.

Ѓорѓиевски кажа дека е свесен во колку лоша состојба се наоѓа градот и истакна дека е подготвен да го воскресне Скопје.

„Време е да изградиме град со кој не само ние, туку и генерациите после нас ќе се гордеат. Фокус ќе бидат сообраќајниот хаос и хигиената. Градот ни е валкан и тоа е најголемиот проблем на скопјани – рече Ѓорѓиевски.

Утврдени се и кандидатурите за општините Гази Баба, актуелниот Бобан Стефковски, за Карпош Сотир Лукроски, од приватнот сектор, за Лозово актуелниот градоначаник Бошко Цветкоски, за Пехчево, актуелниот градоначалник Александар Китански, за Ресен актуелниот Јован Тозиоски, за Зрновци исто така актуелниот градоначалник Борче Коцев.

„Настапуваме со понуда за чесни и некомромитирани вредни кадри за општините и ќе излеземе со јасна визија и програма за развој на секоја општина, рече Мицкоски.

Претходно беа објавени кандидатурите за 33 општини кои владејачката партија ги утврди на седници на Извршниот комитет во мај и во јуни – за Битола, Кавадарци, Охрид, Велес, Штип, Гевгелија, Аеродром, Бутел, Ѓорче Петров, Чучер-Сандево, Свети Николе, Карбинци, Градско, Зелениково, Илинден, Конче, Делчево, Ново Село, Василево, Босилово, Берово, Петровец, Вевчани, Брвеница, Јегуновце, Македонски Брод, Могила, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Росоман, Новаци и Дебарца.

Локалните избори се одржуваат во октомври 2025 година.

Кина воведува реципрочни мерки од ЕУ за купување медицинска опрема

илустрација
илустрација

На 6 јули, Кина воведе реципрочни мерки за компаниите од Европската Унија (ЕУ) по претходната забрана за учество на кинески фирми во големи јавни тендери за медицинска опрема во ЕУ.

Кинеското Министерство за финансии во соопштението изјави дека компаниите од Европската Унија, со исклучок на „оние со европски капитал со седиште во Кина, ќе мора да бидат исклучени“ од нарачки во вредност од над 45 милиони јуани (6,3 милиони долари).

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји минатата недела го посети седиштето на ЕУ, како и Франција и Германија, во обид да ги подобри односите со блокот од 27 члена.

Но, остануваат длабоки проблеми околу економските врски, вклучувајќи го и огромниот трговски дефицит од 357,1 милијарди долари меѓу Кина и ЕУ. Кинеската забрана, која стапува на сила на 6 јули, опфаќа широк спектар на производи, од протези и делови до медицински машини и хируршки инструменти.

Министерството за финансии на Пекинг, исто така, прецизираше дека уделот на производите од ЕУ не може да надмине 50 проценти во понудите на неевропските компании.

Во јуни, Европската комисија одлучи да ги исклучи кинеските компании од договорите за јавни набавки на ЕУ за медицински помагала во вредност од над пет милиони евра (5,8 милиони долари).

Европската комисија во тоа време изјави дека забраната е реакција на „долготрајното исклучување на медицинските помагала произведени во ЕУ од Кина од договорите со кинеската влада“.

Според Брисел, нешто помалку од 90 проценти од договорите за јавни набавки на медицински помагала во Кина „биле предмет на исклучувачки и дискриминаторски мерки“ против фирмите од ЕУ.

„Кина постојано, преку билатерален дијалог, ја изразува својата подготвеност да ги реши овие спорови на соодветен начин преку консултации, дијалог и билатерални договори во областа на јавните набавки“, објави кинеското Министерство за трговија во посебна изјава.

Во текот на изминатите три години, Брисел и Пекинг се судрија околу низа економски сектори, вклучувајќи електрични автомобили, железничка индустрија, соларни панели и ветерни турбини.

Извор: АФП

Стари возила ќе се стават во употреба за гасење пожари

илустрација
илустрација

Државата ќе гасне пожари со стари армиски и полициски возила што не се користеле со години. Сега ги става во функција 38 возила кои биле неупотребливи и расходовани. Надлежност за нив ќе има Дирекцијата за заштита и спасување и со нив ќе се интервенира на тешко пристапни места.

„За првпат имаме неспоредливо поголем број ресурси за гасење пожари. Станува збор за најдобри теренски возила кои со еден и пол тони вода можат да стигнат онаму каде што луѓе тешко можат да се пробијат“, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов на денешната промоција на возилата.

Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека овие возила не биле возени осум години, а за нивното оспособување не се потрошени пари од буџетот, туку тоа е направено со донација од општествено одговорни компании.

„Ја видовте демонстрацијата – возила што не биле запалени со години, денес се во функција на заштита на животот и природата. Сезоната на пожари е веќе почната, но оваа година сме далеку подобро опремени“, истакна Мицкоски.

„Во однос на минатото – нема споредба. Ова е највисоко ниво на подготвеност до сега“, додаде премиерот, најавувајќи и засилени контроли и забрана за движење во шумски подрачја без дозвола, како дел од новите мерки за спречување пожари.

Инаку Центарот за управување со кризи соопшти дека до утрово на територијата на државава се евидентирани три активни пожари. Активен е пожарот во прилепското село Бешиште каде што гори мешана шума.

Во село Црешнево, во општина Македонски Брод, активен е пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Не е изгаснат и пожарот во општина Чашка под Солунска глава. Пожарот е шумски, нема активен пламен, туку само чад во карпест предел.

И покрај стотиците шумски пожари минатото лето, трагедијата во Кочани, а и викендов веќе избувнаа помали пожари на разни локации, властите не го решаваат проблемот со недостиг на професионални пожарникари, кои кубурат со опрема и возила.

За справување со пожарите во летниот период, Владата овој месец најави вработување на 400 пожарникари. Тоа е предвидено во Оперативниот план за 2025 „Визија за промена“ – соопштија и од владината прес служба и од владеачката ВМРО-ДПМНЕ.

Заради превенција и подобро справување со шумските пожари, овие 400 лица ќе се вработат во општините каде што има најмногу потреба за нив, додадоа од партијата.

Врховниот лидер на Иран се појави за прв пат во јавноста од почетокот на 12-дневната војна

Али Хамнеи на јавна церемонија за прв пат по војната меѓу Иран и Израел, 07.04.2025 година.
Али Хамнеи на јавна церемонија за прв пат по војната меѓу Иран и Израел, 07.04.2025 година.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, се појави во јавноста за прв пат од почетокот на 12-дневната војна со Израел, во која израелската војска уби неколку од врвните политички, воени и научни лидери на Иран.

На 5 јули, иранската државна телевизија го прикажа Хамнеи како им мавта на толпата што скандира додека влегуваше во џамија веднаш до неговата резиденција во Техеран.

Хамнеи присуствуваше на церемониите по повод Ашура, важен исламски ден на сеќавање, а државните медиуми соопштија дека тој не одржал говор на настанот.

Другите присутни зборуваа за „отпор“ на нападите и дека Иран „никогаш нема да се предаде“, што Хамнеи го кажа во претходните изјави, објавија државните медиуми. Хамнеи, некогаш сеприсутното лице на Исламската Република, се повлече во речиси целосна изолација за време на војната што Израел ја започна на 13 јуни, поради извештаите дека е на списокот на жртви на Израел.

Неговите единствени појавувања - неколку видео изјави, од кои втората очигледно беше снимена во бункер со намален квалитет на продукција - малку направија за да ја убедат нацијата.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека најмалку двапати спречил израелски напади врз Хамнеи.

Трамп еднаш нагласи во порака, среде острите израелски напади, дека САД биле информирани за неговото местоположба, но немале намера да го убијат.

Американската војска, исто така, изврши воздушни напади врз нуклеарните објекти на Иран, тврдејќи дека ги уништила, иако деталите е тешко да се потврдат.

Отсуството на Врховниот лидер беше предмет на шпекулации на социјалните медиуми во Иран, а повремено и цел на шеги.

И покрај загубите што ги претрпе Иран, особено во својата нуклеарна програма и военото водство, Хамнеи тврдеше во снимена порака од 26 јуни дека Иран го добил конфликтот против Израел и САД, тврдење кое го повторија и други владини претставници и медиумите. Ќе биде објавено „за еден или два дена“.

Во видео порака на X, Карлсон рече дека интервјуто е спроведено од далечина и преку преведувач.

Карлсон рече дека понудил и интервју со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но сè уште не добил одговор. Нетанјаху треба да се сретне со Трамп во Вашингтон на 7 јули.

Извор: Радио Фарда, АП

Зеленски вели дека новите договори ќе донесат снабдување со дронови, ветува нови напади во Русија

Илустрација
Илустрација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поздрави новите договори со сојузниците за кои рече дека ќе обезбедат „стотици илјади“ нови дронови во борбата против Русија, додека американскиот претседател Доналд Трамп навести можни дополнителни санкции против Москва, бидејќи таа продолжува да го отфрла неговиот обид за прекин на огнот.

Во своето вечерно видео обраќање, Зеленски на 5 јули рече дека одделни договори со американска фирма и европски сојузници - вклучувајќи ги Данска и Шведска - ќе ѝ дадат на Украина можност да погоди важни цели во Русија, вклучувајќи средства од одбранбената индустрија, воздухопловни бази и рафинерии за нафта.

Украина „подготвува нови чекори што ќе ја натераат Русија навистина да почувствува дека ќе плати за оваа војна. Мора да има одговорност за агресорот. И ќе има - сосема праведно и остро почувствувано“.

Коментарите доаѓаат во неизвесни времиња за Киев во врска со снабдувањето со оружје од неговиот најважен сојузник. На 2 јули, украинските претставници се шокираа кога САД објавија планови за запирање на некои неодредени испораки на оружје што претходно ги снабдуваа со Украина, наведувајќи ги сопствените намалени залихи.

Коментарите доаѓаат и откако Трамп рече дека рускиот колега Владимир Путин разбира дека „можеби ќе дојдат повеќе санкции“, бидејќи Москва продолжува да го отфрла притисокот на Вашингтон за прекин на огнот во Украина.

Зборувајќи во „Ер Форс Уан“ на 4 јули, Трамп рече: „Знаете, многу зборуваме за санкции и тој разбира дека можеби ќе дојдат“.

Трамп, исто така претходно коментираше дека бил „разочаран“ од телефонскиот разговор со Путин на 3 јули.

Многу набљудувачи велат дека Путин не брза да се согласи на договор за прекин на огнот, верувајќи дека ја добива војната на терен и дека времето е на негова страна. Сепак, Русија претрпе огромни загуби во работна сила, а нејзината економија претрпе голем удар поради зголемените трошоци за одбрана.

„Тој сака да оди до крај, само да продолжи да убива луѓе, тоа не е добро“, рече Трамп, додавајќи дека е „многу незадоволен“ од лидерот на Кремљ.

Неколку часа претходно, Трамп имаше, како што рече, „добар разговор“ со Зеленски.

Зеленски постојано ги повикува САД да воведат поголеми санкции врз Русија за да ја принудат Москва на преговарачка маса.

Откако ја презеде функцијата во јануари, Трамп не воведе никакви нови санкции врз Русија. Неговата администрација, исто така, го олабави спроведувањето, велат експертите. Трамп возврати дека воведувањето санкции врз Русија ќе им наштети на мировните преговори.

Зеленски на 5 јули повторно го поздрави разговорот со Трамп, наведувајќи дека неговиот повик е „најпродуктивен“ што некогаш го имал со американскиот лидер.

„Во врска со разговорот со претседателот на Соединетите Американски Држави, кој се одржа еден ден претходно, тоа беше веројатно најдобриот разговор што го имавме во текот на целото ова време, најпродуктивниот“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.

„Разговаравме за прашања поврзани со воздушната одбрана и сум благодарен за подготвеноста да помогнеме. Ракетниот систем „Патриот“ е токму клучот за заштита од балистички закани.“

Зеленски рече дека двајцата лидери разговарале за „неколку други важни прашања“ што претставниците од двете страни ќе ги разгледаат на претстојните состаноци.

Но, не беше веднаш јасно какви, ако воопшто, конкретни резултати произведоа разговорите Трамп-Зеленски.

На прашањето на новинарите дали Вашингтон се согласи да обезбеди дополнителни ракети за воздушна одбрана „Патриот“ на Киев, Трамп одговори: „Ќе им бидат потребни за одбрана... Ќе им треба нешто бидејќи се погодени доста силно“.

Исто така, на 4 јули, Трамп разговараше за ракетите „Патриот“ во телефонски разговор со германскиот канцелар Фридрих Мерц, еден од низата разговори што ги имаше со западните лидери на Денот на независноста на САД.

Берлин ја покрена можноста дека ќе купи „Патриот“ од Вашингтон, а потоа ќе му ги обезбеди на Киев.

Зеленски претходно изјави дека Украина постигнала „договор со една од водечките американски компании за значително зголемување на нашите заеднички напори“ за беспилотни летала, вклучително и пресретнувачи, кои станаа централни за украинските одбранбени напори против Русија по целосната инвазија на Москва во 2022 година.

„Потпишан е договор со силната американска компанија Swift Beat“, објави Зеленски на својот официјален канал на Телеграм, откако ја започна посетата на Данска на 3 јули. „Зборуваме за стотици илјади беспилотни летала веќе оваа година и за можноста за значително зголемување на производството следната година“.

„Swift Beat„ е основан од поранешниот извршен директор на Google, Ерик Шмит, кој се придружи на церемонијата на потпишување со Зеленски и министерот за одбрана Рустем Умеров.

Компанијата, за која канцеларијата на Зеленски соопшти дека веќе има значително присуство во Украина, е специјализирана за беспилотни летала напојувани со вештачка интелигенција и веќе соработувала со украински инженери и воени претставници.

Компанијата не можеше веднаш да се контактира за коментар.

Зеленски, исто така, го поздрави договорот со европските сојузници, бидејќи се стреми да ја зацврсти поддршката во услови на неизвесности во врска со долгорочната поддршка од САД.

Русија ги интензивираше воздушните напади врз Киев и други градови во последните недели. Московските сили го започнаа најголемиот напад со беспилотни летала од 40-месечната војна во ноќта меѓу 3 и 4 јули.

Додека Зеленски го славеше потенцијалниот прилив на залихи со беспилотни летала, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, рече дека руската воздушна одбрана собори четири украински беспилотни летала што се движеа кон главниот град, принудувајќи еден од главните аеродроми во главниот град привремено да ги запре летовите што одат.

Локалните канали на Телеграм објавија дека повеќе од 170 летови се одложени, а околу 50 се откажани на московскиот аеродром Шереметјево.

Руското Министерство за одбрана одделно соопшти дека единиците за воздушна одбранауништиле 48 украински беспилотни летала за период од нешто повеќе од пет часа во вечерните часови на 5 јули.

Од извештај на ДПА

Повеќе од половина милион луѓе на концертот на контроверзниот пејач Томпсон во Загреб

Марко Перковиќ Томпсон на концерт во загребскиот хиподром, Хрватска, 5 јули 2025 година.
Марко Перковиќ Томпсон на концерт во загребскиот хиподром, Хрватска, 5 јули 2025 година.

Повеќе од 504.000 обожаватели на хрватскиот пејач Марко Перковиќ Томпсон, кој се смета за икона на хрватската десница, присуствуваа на неговиот концерт на Загребскиот хиподром во сабота.

Организаторите потврдија за Хрватската радиотелевизија дека 504.000 луѓе се собрале на Хиподромот, што го прави овој концерт најголем музички настан од ваков вид во Хрватска.

Томпсон го отвори концертот со песната „Раздигни се од сенките“. Атмосферата дополнително ја подигна факелот што ја запали публиката.

„Сега, со овој концерт, ќе покажеме големо единство. Сакам да ѝ кажам на цела Европа да се врати на своите традиции, на своите христијански корени. Само така Хрватска може повторно да биде силна“, рече пејачот.

За концертот беа воведени строги безбедносни мерки.

Делови од градот околу Хиподромот беа затворени за сообраќај од петокот вечерта.

Навивачите носеа хрватски знамиња, спортски маици со хрватски национални симболи, црвено-бели коцки, но и црни маици со лицето на Томпсон на кои се напишани текстови од неговите најпознати песни и наслови на албуми.

Меѓу навивачите имаше и мал број од оние кои носат црни маици со поздравот на усташкото движење „За дом спремни“, со кој започнува една од најпознатите песни на Томпсон, Чавоглаве, за време на војната во 1990-тите.

Организаторите на концертот претходно објавија дека продале повеќе од 280.000 билети за настапот на Томпсон само за еден ден, што е светски рекорд.

Цените на билетите се движеа помеѓу 30 и 50 евра, а беа пуштени и дополнителни билети, со што вкупниот број на продадени билети достигна околу 500.000.

Најмногу билети беа купени во Хрватска, каде што беа продадени околу 350.000, а продажбата беше регистрирана во околу 40 други земји.

На врвот по бројот на купени билети се Германија, со околу 22.000, Австрија со околу 18.000 и Босна и Херцеговина со околу 10.000. Марко Перковиќ Томпсон предизвикува поделби во хрватското општество, имајќи предвид дека некои граѓани го сметаат за патриот, кој пее патриотски песни, како и оние за верата и љубовта, додека други го критикуваат, бидејќи во некои од неговите песни покажува симпатии кон усташкото движење.

Тој најчесто пее песни за војната во Хрватска во 1990-тите.

Поради ваквите песни, но и затоа што меѓу неговата публика има и такви кои ја внесуваат усташката иконографија и отворено ја величат Независната Држава Хрватска (НДХ), концертите на Томпсон претходно беа откажани во многу европски градови. Пејачот тврди дека е патриот, а не националист, додека во своите изјави го нарече усташкиот поздрав „За дом спремни“ стар хрватски поздрав што го користеле некои хрватски единици за време на војната во 1990-тите.

На едно од судењата за корупција на поранешниот премиер и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Иво Санадер во 2013 година, беше откриено дека таа партија му платила на Томпсон половина милион евра за да не се кандидира за други десничарски политички опции во кампањата во 2007 година, бидејќи тој претходно беше член на десничарската Хрватска партија на правата.

Во Србија е отворен автопат без дозвола за употреба и одговори за техничкиот прием

Претседателот Александар Вучиќ и министрите во Владата на Србија за време на обиколка на делницата од автопатот Милош Велики, 5 јули 2025 год
Претседателот Александар Вучиќ и министрите во Владата на Србија за време на обиколка на делницата од автопатот Милош Велики, 5 јули 2025 год

За време на протестите кои траат со месеци и нарушената доверба во институциите по падот на настрешницата на новореконструираната Железничка станица во Нови Сад, официјално беше отворен дел од автопатот Милош Велики, кој, според достапните податоци, не е технички завршен и нема дозвола за употреба.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на 5 јули изјави дека делницата е „целосно безбедна“ за употреба и дека е горд што е завршена „и покрај надворешните и внатрешните пречки“.

„Нема никој во Србија што ја знае работата подобро од (министерката за градежништво) Александра Софронијевиќ. Најстручната жена видела сè, погледнете како изгледа“, им рече Вучиќ на новинарите за време на обиколката на делницата и додаде дека не може да им одговара на луѓе „кои посакуваат лошо на својата земја“. Ден пред церемонијата на отворање, претседателот на државата рече дека „секогаш недостасува некоја хартија“, а граѓаните беа понудени како безбедносна гаранција - личен збор на директорот на јавното претпријатие „Путеви Србије“.

Според јавно достапната база на податоци за градежни дозволи на CEOP, не е издадена дозвола за употреба за делницата од автопатот Паковраќе - Пожега.

Последниот документ што може да се најде во таа база на податоци, а се однесува на изградбата на оваа делница од автопатот, е извештајот за завршување на работите во конструктивна смисла од 2 јули 2025 година.

Овој извештај покажува дека сите груби градежни работи се завршени, но не и дека патот е подготвен за употреба. Процедурите бараат по одобрувањето на извештајот за завршување на работите, да се формира техничка комисија чија задача е да провери дали патот е во согласност со проектот и прописите.

Само ако сè е во ред, наместо да издаде дозвола за употреба, Комисијата за технички преглед може да предложи пуштање на патот во пробна работа, не подолга од една година.

Министерството за градежништво, кое е клиент на работата, и јавното претпријатие „Путеви Србије“, кое е инвеститор на проектот, не одговорија на тие прашања и на барањето на Радио Слободна Европа да го достави извештајот на техничката комисија до објавувањето на текстот.

Прашањето дали во овој случај биле почитувани сите процедури беше поставено откако телевизијата Инсајдер објави дека инженерите задолжени за стручен надзор едногласно одбиле да ги потпишат документите што се предуслов за потврдување дека делницата е завршена, и затоа е погодна за позитивен извештај од Комисијата за технички преглед и пуштање во работа.

Ова го потврди во изјава за Инсајдер директорот на Патишта на Србија, Зоран Дробњак, кој рече дека инженерите биле исплашени „поради ситуацијата со настрешницата“, но дека проблемот во меѓувреме е решен.

„Инженерите што се пред изведувачот, инженерите што се пред надзорот, сите потпишаа. Дали е безбедно, дали не е безбедно - не. Од нив беше побарано само да напишат што е извршено и што сè уште треба да се изврши. Тие напишале што треба да се изврши и тоа не е проблем, ние ќе го пријавиме. Кој е проблемот?“, рече Зоран Дробњак и додаде дека тој лично гарантира дека патот е безбеден.

Дробњак, исто така, потврди дека патот ќе биде отворен и покрај фактот што еден од тунелите на оваа делница нема воспоставено автоматски систем за следење на безбедносните параметри.

Изградбата започна во 2019 година и првично требаше да биде завршена до крајот на декември 2021 година. Роковите оттогаш постојано се поместуваат.

Главен изведувач на делницата од автопатот Прељина-Пожега е кинеската компанија China Communications Construction Company.

Оваа компанија беше и еден од главните изведувачи на изградбата на брзата железница од Нови Сад до границата со Унгарија, проект кој вклучуваше и реконструкција на железничката станица во Нови Сад.

Сепак, работата на самата зграда на станицата им беше доверена на бројни подизведувачи.

Како и во случајот со изградбата на железницата, така и за изградбата на делницата од автопатот Милош Велики, договорот со кинеската компанија е склучен без тендер, врз основа на Договорот за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата меѓу Србија и Кина.

Загинаа 32 лица во израелски напади во Газа, објави Цивилната заштита

Семејства на жртвите од израелскиот воздушен напад врз училиште во Газа, 5 јули 2025 година.
Семејства на жртвите од израелскиот воздушен напад врз училиште во Газа, 5 јули 2025 година.

Вкупно 32 лица загинаа во израелски напади во Газа во саботата, објави службата за цивилна заштита на палестинската енклава.

Израел неодамна ги прошири воените операции во Појасот Газа, каде што војната создаде катастрофални хуманитарни услови за повеќе од два милиони жители, пишува АФП.

Махмуд Басал, портпарол на службата за цивилна заштита, изјави дека меѓу загинатите има осум жртви од нападот врз училиштата во градот Газа.

Многу жители на Газа побарале засолниште во училиштата и другите јавни згради откако започнала војната, на што му претходел напад врз Израел од октомври 2023 година од страна на Хамас, кој се смета за терористичка група од страна на Европската унија и САД.

Басал, исто така, објави дека осум лица загинале во напад во близина на центар за дистрибуција на помош во јужна Газа.

Израелската армија изјави дека не може да коментира за конкретни напади без точни координати.

Нападите се случија неколку часа откако Хамас изјави дека е подготвен да започне преговори „веднаш“за предлогот на САД за прекин на огнот во Газа.

Ова се случи пред заминувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на разговори во Вашингтон во понеделник, во време кога американскиот претседател Доналд Трамп повикува на крај на војната.

Нападот на Хамас во октомври 2023 година резултираше со смрт на 1.219 лица, претежно цивили, според израелски извори.

Од 251 заложник земени за време на тој напад, 49 се уште се во Газа, вклучувајќи 27 за кои израелската војска вели дека се мртви.

Во израелските напади што следеа, повеќе од 57.000 жители на Газа беа убиени, претежно цивили, според Министерството за здравство во Газа, кое го води Хамас.

Трамп го потпиша законот за намалување на јавните трошоци

Доналд Трамп - Претседател на САД
Доналд Трамп - Претседател на САД

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп го потпиша законот во петокот за голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на церемонија во Вашингтон по повод Денот на независноста.

Со воен авион во воздух и стотици поддржувачи зад себе, Трамп го потпиша законодавството еден ден откако беше тесно одобрено од Претставничкиот дом доминиран од републиканците.

„Законот за голема убавина“ беше усвоен два дена претходно во Сенатот, вториот дом на Конгресот на САД.

Името на овој закон, по кое следат контроверзии и загрижености, го создаде самиот Трамп.Станува збор за сеопфатна даночна и буџетска реформа, која е најмногу критикувана поради прашањата за тоа колку ќе го зголеми националниот дефицит на САД и ќе ги намали здравствените и другите социјални програми.

Во Претставничкиот дом, тој беше усвоен во петокот со 218 гласа „за“ и 214 „против“, во гласање што следеше по повеќе од 24 часа заседавање.

„Никогаш не сум видел луѓе толку среќни во нашата земја поради тоа“, рече Трамп.

Тој, исто така, истакна дека Законот се грижи за многу различни групи луѓе.

„Значи, имате најголеми намалувања на даноците и намалувања на трошоците и најголема инвестиција во безбедноста на границите во американската историја“, рече Трамп.

Двата дома на Конгресот се контролирани од републиканците на Трамп, но има несогласувања во рамките на партијата за клучните политики.

Претседателот беше многу вклучен во обидот да ги убеди оние кои се спротивставија на законот и одржа неколку состаноци во Белата куќа со надеж дека ќе ги освои.

За време на претходните несогласувања и противење на одлуките на Трамп во Конгресот, републиканските пратеници на крајот постигнаа договор.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG