Настаните на денот низ фотографии - 2 ноември 2023
Од Путин до папата

1
ГЕРМАНИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин „ќе продолжи да се обидува да ора империјален ров низ Европа, што не само што ќе ја одвои Украина од нас, туку и Молдавија, Грузија и Западен Балкан“, рече денеска (2 ноември) германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок.

2
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Гласањето на законот за амнестија не треба да влијае врз односите во коалицијата со Алијанса за Албанците смета премиерот Димитар Ковачевски, откако денеска во Собранието не ја доби поддршката од пратениците да се донесе по скратена постапка.

3
ИЗРАЕЛ - Израел разговара со медицински агенции за поставување теренски болници во јужниот дел на Појасот Газа, каде им препорача на палестинските цивили да бараат засолниште додека се бори против Хамас на север.

4
КОСОВО - Околу 180 сопственици на возила со српски регистарски таблици ги пререгистрираа возилата до 12 часот денеска (2 ноември), потврди заменик-директорот на полицијата за северот на Косово, Ветон Елшани, за Радио Слободна Европа.