Грутка во грлото: Собир во Скопје за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани
Стотици граѓани се собираат на на плоштадот Македонија во Скопје за да им оддадат почит на 59 -те жртвите во пожарот во Кочани. Вечерта на 15 спрема 16 март во пожар во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 млади луѓе, а над 180 се повредени.

Граѓаните во Скопје се одѕваа на повикот на социјалните мрежи под паролата „ Кој е следен?“, откако во изминативе два дена се организираат во повеќе градови мирни собири на кои палат свеќи, оставаа цвеќиња и се потпишуваат во „книги на жалост“ во спомен на починатите.

Речиси целиот собир помина во молк.

„Вашиот систем уби една цела генерација- иднината на Кочани,“ „Парите со крвави раце ги броите“ и „Немаше да има крв, ако беше се по закон“ се дел од паролите на транспрентите со кои граѓаните излегоа на мирниот собир.

„Единствениот нивни грев беше што се родија во корупција“, беше еден од транспарентите на собирот во Скопје.