Касами: Комуникацијата со Дака за Шик Јелак престана откако е на црната листа
Општина Тетово во договор со Владата, работи на нов детален урбанистички план за Шик Јелак, во кој како што вели градоначалникот Биљал Касами, поголемиот дел е државно земјиште, а помал дел е во сопственост на Црногорецот Миодраг Давидовиќ - Дака, кој е на црната листа на САД. Во новиот план на државната земја ќе се нацртаат нови институции, училишта, градинки, паркови.