Сојузот на синдикати на Македонија денеска го одбележа Меѓународниот ден на трудот 1 Мај со синдикален протест, барајќи повисоки плати и подобри услови за работа. Протестот почна во 11 часот од пред Работничкиот дом и продолжи до Собранието и пред Владата, со барања за зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра и зголемување на сите останати плати за 100 евра, почитување на колективните договори и зголемување на платите на вработените согласно придобивките од тие договори.
Работнички 1 Мај: Протестираме за плата

1
Протестираме за плата е главната парола на овогодинешниот првомајски протест на ССМ

2
Протестот почна од Работничкиот дом, продолжи пред Собранието и заврши пред Владата

3
Барањата на работниците се зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра и зголемување на сите останати плати за 100 евра

4
Долж маршрутата на протестниот марш голем број граѓани со транспаренти се придружуваа на протестната колона