Мартин Лутер Кинг на 28 август 1963 година во Вашингтон го одржа легендарниот говор „ Јас имам сон“ за расна и социјална еднаквост. Тоа беше клучен момент во американското движење за граѓански права. Следуваат неколку важни моменти на ова движење.
Историски моменти на движењето за граѓански права

1
Натаниел Стјуард во училиште во Вашингтон 21 мај 1954.

2
Адвокатите Тургуд Маршал, Џорџ Хајс и Џејмс Небрит ја прославуваат одлуката на судот со која се прогласува за неуставна расната сегрегација во училиштата. 17 мај 1954.

3
Четиринаесет годишниот Емет Тил од Чикаго бил на пат кон Мисисипи кога бил киднапиран, претепан и убиен. Напаѓачи биле двајца белци кои изјавија дека го убиле бидејќи свиркал по бели жени. Тие беа ослободени од судот.

4
Активистката за човекови права Роса Паркс со доктор Мартин Лутер Кинг во 1955 година. Таа не го послуша барањето на возачот на автобус да му го отстапи местото за седење на еден белец, поради што беше уапсена.