Земете двајца ривали со нуклеарно оружје. Измешано со историја на војни и спорен регион, кој беше место на децениски бунт. Сега додадете смртоносен милитантен напад против цивили кој е ризик да ги зоврие тие тензии.
Така стојат работите меѓу Индија и Пакистан по нападот на 22 април во кој загинаа претежно индиски државјани во Џаму и Кашмир, што доведе до вртоглаво зголемување на тензиите меѓу двете земји. Индија го обвини Пакистан дека поддржува прекуграничен тероризам, но пакистанската влада негира дека стои зад нападот во кој загинаа 26 цивили.
Њу Делхи и Исламабад оттогаш спроведуваат санкции по инцидентот, вклучително и намалување на дипломатските и трговските врски, затворање на главниот граничен премин и поништување на визите за државјаните на двете земји.
Пакистанската влада подоцна рече дека ќе го смета за „акт на војна“ доколку Индија ја исполни заканата дека ќе го блокира протокот на клучните реки како казна за смртоносниот инцидент.
На 26 април, Пакистан повика на „неутрална“ истрага за убиствата, велејќи дека „останува посветен на мирот“ и дека е подготвен да соработува со каква било истрага.
Индиските и пакистанските сили на 25 април влегоа во престрелка на линијата што ги раздвојува двете земји во спорниот Кашмир, кој е поделен меѓу нив, на кој претендираат и двете земји, и беше во центарот на две од трите војни што ги водеа досега Њу Делхи и Исламабад.
Актуелните тензии ги загрижија владите дека Индија и Пакистанповторно се на работ на конфликт.
Еве што треба да знаете додека односите меѓу нив се спуштаат на најниско ниво во последните години.
Што се случи при нападот во Кашмир?
На 22 април, вооружени напаѓачи го извршија најлошиот напад врз цивили во спорниот мнозински муслимански Кашмир во последните 25 години.
Њу Делхи веднаш го поврза Пакистан со нападот во близина на живописниот град Пахалгам на Хималаите, иако јавно не изнесе никакви докази. Потоа следеа казнени мерки против Пакистан, на кои Исламабад подоцна одговори со свои контрамерки.
Нејасна група која себеси се нарекува Фронт на отпорот ја презеде одговорноста за нападот. Индиските власти велат дека тоа е застапник на пакистанската Лашкар-е-Таиба.
Исламабад негираше вмешаност, обвинувајќи ја Индија дека не обезбедила докази.
Во тек е потрага по тројца осомничени вклучени во нападот, еден индиски државјанин и двајца пакистанци, а индиската армија соопшти дека започнала операции „пребарување и уништување“ за да ги пронајде преку долината Кашмир.
Како нападот е ризик за зголемување на тензиите меѓу Индија и Пакистан?
Индија и Пакистан полагаа право на Кашмир откако изби војната по британската поделба на потконтинентот во 1947 година. Пограничните престрелки долго време создадоа нестабилност во Јужна Азија.
Двата ривали, исто така, водеа три војни за Кашмир, каде што вооружените бунтовници се спротивставуваа на индиската власт со децении, при што многу муслимани од Кашмир ја поддржуваат целта на бунтовниците за обединување на територијата, или под пакистанска власт или како независна земја.
Индија го обвини Пакистан дека поттикнува насилство таму со децении, обвинение кое Исламабад го негираше. Десетици илјади цивили, бунтовници и владини сили беа убиени во конфликтот во текот на годините.
Последниот голем напад на милитантите во индискиот дел на Кашмир се случи во 2019 година, кога беа убиени десетици индиски безбедносни лица. По тој напад, Индија започна воздушна битка која запре пред сеопфатна војна.
По нападот во Пахалгам, коментарите во индиските медиуми, кои главно се усогласени со владата на премиерот Нарендра Моди, и разговорите меѓу политичкото раководство на земјата се склони кон воен напад врз Пакистан.
„Ние нема да дојдеме само до оние кои го извршија овој инцидент. Ќе додеме и до оние, кои, седејќи зад сцената, заговараа да извршат такви гнасни дејствија на почвата на Индија“, рече индискиот министер за одбрана Рајнат Синг на 23 април.
Индија, исто така, започна големи воздушни и поморски вежби на 24 април, што според аналитичарите може да го отвори патот за воена акција.
„Има многу компликувани работи со кои Моди мора да се справи, вклучувајќи ги и значајните способности на пакистанската армија“, напиша индискиот политички аналитичар Ц. Раџа Мохан во Indian Express. „Но, со оглед на ужасната природа на нападот и бесот што ја згрози нацијата – жртви беа од 15 држави низ Индија - премиерот можеби нема друга опција освен да превземе некои големи ризици“.
Химајат Ула, политиколог од Универзитетот Куаид-е Азам во Исламабад, изјави за РСЕ дека верува дека и Њу Делхи и Исламабад се свесни за ризиците од понатамошна ескалација и дека ќе имаат за цел да избегнат „целосна војна“, но дека „за да му покажат на својот народ, Индија и владата на Моди може да тргнат на некои ограничени акции“.
Зошто Индија го суспендира Договорот за вода?
Еден ден по нападот, Индија најави суспензија на шестдеценискиот Договор за водите на Инд, кој дели вода меѓу двете земји и може да биде точка на удар додека тензиите продолжуваат да зовриваат.
Како одговор, Пакистан предупреди дека секој обид на Индија да го запре или пренасочи протокот на вода меѓу нив ќе се смета за „акт на војна“.
Договорот за вода во Инд, со посредство на Светската банка во 1960 година, овозможува споделување на водите на речниот систем што е спас за двете земји. Пакистан го опиша како „витален национален интерес“ и договорот е суштински за поддршка на земјоделството и хидроенергијата во земјата со 240 милиони жители.
Договорот преживеа две војни меѓу земјите, во 1965 и 1971 година, и голема гранична пресметка во 1999 година. Неговото потенцијално суспендирање сега е со огромна симболична и стратешка тежина.
Во меѓувреме, Исламабад предупреди дека може да го суспендира Договорот Симла, значаен мировен договор потпишан по индиско-пакистанската војна во 1971 година, која заврши со отцепување на Бангладеш од Пакистан и стана независна нација.
Според тој договор, Индија и Пакистан основаа линија на разграничување, високо милитаризирана де-факто граница што го дели Кашмир меѓу нив.
Што ќе се случува понатаму?
Владите и аналитичарите внимателно ја следат непредвидливата ситуација меѓу нуклеарно вооружените соседи.
По размената на оган со лесно оружје во Кашмир, Обединетите нации повикаа на „максимална воздржаност“ меѓу двете земји.
„Силно апелираме до двете влади...да покажат максимална воздржаност и да се погрижат ситуацијата и случувањата што ги видовме да не се влошуваат дополнително“, рече портпаролот на ОН Стефан Дужарик на 24 април.
На дипломатскиот фронт, индискиот министер за надворешни работи Викрам Мисри ги информираше претставниците на 25 земји, вклучително и клучните партнери од Г-20, земјите од Персискиот залив, како и Кина, која е близок партнер на Пакистан и имаше затегнати врски со Њу Делхи во последниве години.
Поширокиот досег, како и вклучувањето на Пекинг, се смета за потег за градење глобален консензус кон страната на Индија додека таа го подготвува нејзиниот одговор.
Друг фактор е што дипломатските односи меѓу Индија и Пакистан веќе беа слаби пред најновите мерки и контрамерки објавени по нападот. Пакистан го протера индискиот пратеник и нема поставено свој амбасадор во Њу Делхи откако Индија го укина полуавтономниот статус на Кашмир во 2019 година.
Калид Султан, професор на Универзитетот во Исламабад, за РСЕ изјави дека ризиците од ескалација се реални и дека тензичната ситуација може да се зголемува.
Но, тој додава дека „меѓународниот притисок“ помогнал да се избегне целосна војна меѓу Индија и Пакистан во минатото и активната дипломатија на Њу Делхи укажува на поограничен индиски одговор.
Правеен Свами, уредник за национална безбедност во индискиот дневен весник „Принт“, изјави за РСЕ дека одговорот на Њу Делхи ќе биде утврден врз основа на доказите кои што може да ги сподели со другите влади и јавноста.
„Ако Индија најде доказ за вмешаноста на Лашкар-е-Таиба, тогаш ќе има некаква реакција. Но, без тоа, дури и напад или ограничена војна останува малку веројатна“.