Во Брисел е претставена новата Европска комисија. Кои се луѓето што во наредните пет години ќе ги гледаме од седиштето на Европската унија.
Кој е нов во Брисел?

5
Валдис Домбровскис, Летонија, потпретседател задолжен за еврото: Како премиер ја водеше Летонија низ проблемите со рецесијата и мерките за штедење.

6
Јурки Катаинен, Финска, потпретседател задолжен за конкуренција, вработување и економски раст: Како екс премиер на Финска има импресивно економско портфолио. Се смета дека ќе биде поостар во фискалната политика од германската канцеларка Меркел.

7
Аленка Братушек, Словенија, потпретседател задолжен за енергетски прашања: Поранешната премиерка на Словенија сега биде задолжена и за решавање на сложените преговори меѓу Русија и ЕУ за испораките на гас.

8
Федерика Могерини, Италија, потпретседател задолжен за надворешна политика: Ја обвинуваат дека имала тесни врски со Москва што било евидентно откако во февруари стана шеф на италијанската дипломатија.