„Не очекуваме ништо“: Украинците за средбата Трамп-Путин во Алјаска
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Украинците изразија скептицизам дека претстојната средба во Алјаска меѓу американските и руските лидери ќе резултира со каков било напредок во завршувањето на војната на Москва во Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со својот руски колега, Владимир Путин, на 15 август, но украинскиот претседател Володимир Зеленски сè уште не е поканет. Европските лидери велат дека секој договор меѓу Вашингтон и Москва за завршување на војната во Украина мора да ги вклучи Киев и ЕУ.