Руски експерти и медиуми, кои се пријателски настроени кон Кремљ, се радуваа на секоја снимка од демонстрациите во Лос Анџелес оваа недела, некои прогласувајќи дека Соединетите Држави се во нова „граѓанска војна“.
Луѓето кои живеат во северниот украински регион Чернихив велат дека актуелниот неуспех на преговорите за прекин на огнот предизвикува загриженост од нова руска офанзива.
Поради постојаните руски напади, населбите во северниот украински регион Чернихив станаа целосно отсечени од светот. Продавниците и аптеките во селата се затворени, а јавниот превоз престана да работи. За да им помогнат на луѓето да преживеат, волонтери започнаа специјална автобуска услуга.
На линијата на фронтот во регионот Суми, украинските сили ги одбиваат руските напади и дејствуваат во руските региони Курск и Белгород. Украинската артилериска единица известува за интензивни борби и тврди дека севернокорејските борци меѓу руските редови претрпуваат големи загуби.
Ирина Кринина вели дека руските власти не и дале никакви информации кога нејзиното момче исчезнало додека се борел во Украина. Со помош на украинските власти дознала дека тој е воен заробеник и отпатувала таму за да го види. Кринина одлучила да остане во Украина и да им помага на другите затвореници
Додека Русија продолжува да напаѓа во регионот на Доњецк, областа околу стратешкиот украински град Покровск и понатаму е една од најзагрозените места на линијата на фронтот. И покрај условите опасни по живот, дел од жителите остануваат во градот и ги закопуваат роднините во нивните дворови.
Русија изврши голем напад со проектили и беспилотни летала на повеќе локации низ Украина, срамнувајќи цели станбени згради во Киев. Убиени се најмалку девет лица, а ранети голем број други низ целата земја.
Руски војници, кои се борат во Украина, се предупредуваат за таканаречените „црни вдовици“ - жени кои ги заведуваат и се мажат со нив со цел да ги добијат нивните воени бенефиции, ако загинат.
Градот Запорожје е дом на околу 150.000 луѓе. Речиси една четвртина од нив се раселени од другите делови на Украина. Додека Соединетите Држави се обидуваат да постигнат договор за прекин на огнот меѓу Русија и Украина, малкумина се надеваат дека ќе можат да се вратат дома.
Три години по повлекувањето на Русија од Буча, најмалку 33 цивили од градот остануваат во руските затвори, вклучувајќи го и синот на Тaтјана Попович, Владислав.
Руските војници ги засилуваат нападите врз украинските позиции на линијата на фронтот во близина на градот Покровск. Украинските војници за Current Time изјавија дека веруваат дека руските сили нема да го запрат нивното напредување, дури и ако се постигне договор за прекин на огнот.
Аналитичарите велат дека разузнавачките информации на Украина и оние на западните партнери ќе помогнат да се надополнат празнините предизвикани од прекинот на споделувањето на американските разузнавачки информации. Но, противвоздушната одбрана може да биде ослабена без пристап до сателитски податоци
Во украинскиот регион Чернихив, жителите во близина на руската граница се навикнаа на прекини на струја и прекин на мобилниот интернет. Поради ранливата локална инфраструктура, луѓето користат комуникациски терминали поврзани со сателитската мрежа Starlink во сопственост на Илон Маск.
До моментот кога новата 155-та бригада на украинската армија, обучена од Франција, стигна на фронтот, 1.700 војници наводно ја напуштиле единицата без дозвола. Сега бригадата се бори на линијата на фронтот кај Покровск во украинската област Доњецк.
На барање на руското Министерство за образование, учителот Павел Таланкин снимал про-воена пропаганда во основно училиште во градот Карабаш. Но, претставниците на министерството не знаеле дека тој ќе ги претвори своите видеа во документарен филм за руската кампања за „патриотско образование“.
Поминаа 30 години од Првата чеченска војна кога Москва ја нападна отцепената Чеченска Република, a главниот град Грозни го претвори во пепел. Исто како и со сегашната војна против Украина, Русија очекуваше брза победа и да најде приемчиво локално население, но наместо тоа наиде на силен отпор.
Вчитај повеќе