Русите им одземаат имоти на Украинци кои го напуштиле Крим
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Кога семејството Колисниченко открило дека во нивниот стан на Крим има жител за кој не знаеле ништо, набргу сфатиле дека Русија им го запленила имотот во нивно отсуство. Тоа е еден од стотиците случаи во кои Украинците со домови или земјиште на Крим беа принудени или да ги продадат или да прифатат руско државјанство за да ги задржат своите права.