Инцидент се случи во српскиот парламент откако пратениците од владејачката коалиција ја усвоија агендата на која опозицијата се спротивстави. Во салата настана метеж, а опозицијата употреби и пиротехнички средства.
Дел од Украинците се ужаснати, дел се горди на нивниот лидер. Но, без разлика дали тие чувствуваат гордост или ужаснатост, повеќето Украинци имаа една заедничка грижа: како да ги поправат заладените односи на Украина со нејзиниот најважен воен сојузник. Автор: Серхиj Стеценко
Поделени се мислењата дали новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата ги оправда очекувањата по една година од мандатот на новите членови
Новинарите од РСЕ и други медиуми открија дека еден од најголемите извозници на масло од репка во Белорусија набавува суровини од Украина, окупирана од Русија пред да го продаде готовиот производ во Европа.
По затворањето на гласачките места на предвремени парламентарни избори во Германија, опозицискиот блок ЦДУ и ЦСУ освои најмногу гласови, а рекорден резултат постигна екстремно десничарската партија АфД.
Една година по смртта на Алексеј Навални во руски затвор, неговите пријатели ја одбележуваат годишнината со сеќавање на храброста и силата на критичарот на Кремљ. Еден од нив е Бјорн Лебер, кој му помагаше во опоравувањето во Германија, откако беше затруен.
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, на Минхенската безбедносна конференција се осврна на тоа што тој го претстави како „повлекување на Европа од некои од нејзините најфундаментални вредности“.
Машките патници во Пешавар често се изненадени кога ќе ја најдат Сана Кан зад воланот, но таа ги уверува дека има возачка дозвола и дека е целосно способна да го вози таксито. Таа верува дека е првата жена таксист во пакистанскиот град.
Администрацијата на Доналд Трамп ја нападна УСАИД во серија потези кои би можеле да значат крај на главниот ентитет за меѓународна помош на Соединетите Американски Држави (САД).
Лекарите во болницата во јужниот авганистански град Кандахар изјавија за РСЕ дека примиле 5.500 неухранети деца само во последните шест месеци. Тоа доаѓа откако Меѓународниот комитет на Црвениот крст во октомврискиот извештај објави дека речиси три милиони деца во Авагнистан страдаат од неухранетост
Со порака „Правда за Фросина“, се одржа голем граѓански протест во Скопје (02.02.2025) предводен од родителите и сестрата на загинатата студентка Фросина Кулакова.
Една од клучните сообраќајни артерии во Белград се претвори во камп на 27 јануари. Луѓето готвеа, играа игри и поставуваа шатори. Илјадници студенти и граѓани се собраа на 24 часовна блокада, барајќи одговорност за смртта на 15 лица на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.
Денот на сеќевање на Холокаустот на 27 јануари ја одбележува 80-годишнината од ослободувањето на Аушвиц. Озлогласениот нацистички логор на смртта се наоѓал во Полска, окупирана од Германија за време на Втората светска војна. Повеќе од 1 милион луѓе-главно Евреи биле систематски убиени на ова место.
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека ќе ја прекине помошта за Авганистан доколку Талибанците не ја вратат воената опрема вредна над 7 милијарди долари, оставена зад себе по бурното повлекување на американската војска од земјата во 2021 година.
„Генералниот штрајк“ во Србија, на кој повикаа студентите, затвори бројни локали и изнесе на улица илјадници луѓе. Клуч на врата ставија бројни продавници, ресторани, кафулиња, кина... Паралелно, српскиот претседател организира партиски митинг и тврди дека Србија е нападната и однадвор и одвнатре.
Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Белград за време на генералниот штрајк во Србија на 24 јануари. Демонстрантите побараа одговорност од властите и правда за жртвите кои загинаа во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад минатиот ноември
Вчитај повеќе