Лидери од цела Европа ќе се соберат на 16 мај на плоштадот „Скендербег“ во центарот на Тирана за самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ). Таа заедница е идеја замислена од францускиот претседател Емануел Макрон како директен одговор на војната во Украина и се состанува на највисоко ниво двапати годишно, а домаќинот ротира помеѓу 27-те земји-членки на ЕУ и 20-те земји надвор од ЕУ.
Сега е ред на Албанија, а овој настан ќе биде еден вид круна за премиерот Еди Рама. Тој е на власт од 2013 година и веќе се смета за еден од најискусните актери.
Самитот се одржува само пет дена по парламентарните избори во оваа западнобалканска земја, на кои неговата Социјалистичка партија повторно победи.
Брисел има високо мислење за Рама– претставниците на ЕУ го фалат за неговите дипломатски вештини и остар ум. Доказ за ова е фактот што Албанија ги отвори повеќето поглавја во преговорите за членство во ЕУ во рок од една година, а се очекува да отвори уште неколку до крајот на овој месец.
Што е Европската политичка заедница?
Европската политичка заедница не е тело на ЕУ, ниту пак е замена за членството, како што стравуваат некои земји-кандидатки. Во суштина, тоа е форум за „разговори без обврски“- не донесува конкретни одлуки или конечни соопштенија, нема постојано седиште или секретаријат.
Додека медиумите се обидуваат да објаснат „каква ѕверка е тоа“ и за што служи, со оглед на постоењето на други европски тела, како што се Советот на Европа или ОБСЕ, лидерите се чини дека уживаат во учеството на неговите самити.
Видете и ова: Трпението во Вашингтон се намалува, бидејќи Трамп не го постигна мировниот договор за УкраинаПричината е главно тоа што има многу помалку официјален протокол отколку, да речеме, самитите на НАТО или ЕУ, кои се строго кореографирани. Секако, има церемонија на отворање, пленарна сесија и заедничка слика - „семејна фотографија“. Потоа, лидерите се поделени во три тематски групи кои дискутираат за безбедноста, конкурентноста и миграцијата.
Сепак, најголемиот дел од еднодневниот собир е посветен на планирани и спонтани билатерални средби, кои можат да се развијат во пошироки дискусии доколку е потребно.
Сето ова се одвива со неколку акредитирани асистенти и советници - што значи многу дипломатски „брзи состаноци“ и разговори во пријатна атмосфера, со добра храна и пијалоци. Еден дипломат ми рече дека тоа обезбедува „малку слобода и креативност во инаку обликуваниот живот“ на еден лидер.
Важна недела за НАТО
Началниците на генералштабовите на 32-те членки на НАТО ќе се состанат на 14 мај во Брисел на последниот состанок пред самитот на Алијансата во Хаг следниот месец.
Поддршката за Украина, како и мисиите, операциите и одбранбените планови на НАТО ќе бидат главните теми.
Истиот ден, но во турското одморалиште Анталија, Руте ќе ги собере министрите за надворешни работи на НАТО на неформален дводневен состанок. Собирот е контроверзен поради репресивната политика на Анкара кон опозицијата, особено по неодамнешното затворање на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.
Кој доаѓа на самитот?
На претходните самити на европската политичка заедница имаше обиди за организирање средби меѓу лидерите на Ерменија и Азербејџан, честопати во присуство на лидерите на Франција и Германија, но овој пат таков обид не се очекува - иако никогаш не може целосно да се исклучи.
Кој доаѓа? Досега никој не ја одбил поканата, која беше испратена до сите европски земји освен до Белорусија, Русија и Ватикан. Ќе присуствуваат и претседателите на Европскиот совет, Европската комисија и Европскиот парламент, како и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Последниот состанок на Европската политичка заедница во Будимпешта
За германскиот канцелар Фридрих Мерц, ова ќе биде прва мултилатерална средба. Се очекува и пристигнувањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски, иако ова можеби нема да биде потврдено до последен момент. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, исто така, е предвидено да присуствува, иако тој пропушти некои претходни самити на ЕПЗ.
Грузискиот премиер Иракли Кобахиѕе исто така беше поканет, како што беше и на претходниот самит во Будимпешта во ноември. Дипломатите на ЕУ нагласуваат дека станува збор за самит на ЕЗЗ, а не на ЕУ, со оглед на тоа што ЕУ има политика да не се среќава со високи грузиски претставници по спорните парламентарни избори во Грузија во октомври. Доколку Кобахиѕе се појави, ќе биде интересно да се види како ќе реагираат лидерите на ЕУ.
Вниманието е насочено кон Фицo и Вучиќ
Истото важи и за српскиот претседател Александар Вучиќ и словачкиот премиер Роберт Фицо, кои присуствуваа на парадата по повод Денот на победата во Москва на 9 мај и стоеја рамо до рамо со Владимир Путин.
Видете и ова: Украина е „подготвена“ за директни разговори по предлогот на Путин, но сака прекин на огнот како „прв чекор“Фицо е во голема мера изолиран на ниво на ЕУ, иако по таа посета не му се закануваат никакви санкции. Брисел го предупреди Вучиќ да не оди во Русија, потсетувајќи дека како официјален кандидат за членство, Србија треба да се усогласи со надворешната политика на ЕУ.
Сепак, Вучиќ, се чини, ќе помине без последици. На брифинг пред самитот во Тирана, висок функционер на ЕУ потврди дека Србија ќе остане земја-кандидат и дека нема договор меѓу земјите-членки за воведување санкции против таа земја.
Единствената последица ќе биде тоа што Србија нема да напредува во процесот на пристапување - што, на некој начин, е секако ирелевантно, бидејќи не отвори ниту едно поглавје од преговорите во последните четири години.