„Не умираме од несреќи, умираме од корупција“ - Марш во Скопје за одговорност за трагедијата во Кочани

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека денеска за прв пат организираа „марш за ангелите“ во Скопје, со барање правда и одговори за текот на истрагата. Пред Јавното обвинителство тие побараа оставка од повеќе поранешни и актуелни функционери, обвинители, пратеници, директори, градоначалници…