Трамп се обидува да договори средба меѓу Зеленски и Путин, по разговорите во Белата куќа

Украинскиот претседател Володомир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, 18 август 2025 година

Американскиот претседател Доналд Трамп му телефонираше на рускиот претседател Владимир Путин за да започне со подготовки за средба лице в лице меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски по еден ден вонредни состаноци во Белата куќа на 18 август, како дел од напорите за завршување на војната во Украина.

Трамп рече дека му се јавил на Путин за да разговара за можна средба со Зеленски откако го угостил него и лидерите на Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Финска, Европската Унија и НАТО во Белата куќа.

„Ова беше многу добар, почетен чекор за војната што трае речиси четири години“, рече Трамп.

Јуриј Ушаков, помошник на Путин за надворешни работи, рече дека двете страни „изразиле поддршка за продолжување на директните разговори меѓу руската и украинската делегација“.

Идејата за „подигнување на нивото на претставниците на украинската и руската страна“ била дискутирана за време на повикот, рече Ушаков. Но, од изјавата на Ушаков не беше јасно дали Путин се согласил да се сретне со Зеленски.

Зеленски на новинарите пред Белата куќа по средбата им изјави дека ќе се сретне со Путин без предуслови.

Видете и ова: Зеленски и европските лидери пристигнаа во Белата куќа, Трамп очекува „голем ден“

Според американскиот претседател, по средбата Зеленски-Путин ќе следи трилатерален состанок со учество на Трамп.

Неговиот состанок со Зеленски бил многу порелаксиран од последната посета на украинскиот претседател во февруари, која прекина по жестока расправија и обвинувања дека Зеленски не им се заблагодарил доволно на САД за нивната поддршка.

Овој пат Зеленски започна со заблагодарување на Трамп за неговите „напори да се запре убивањето“.

Двајцата лидери се насмевнаа и се шегуваа откако Трамп топло го поздрави Зеленски и коментираше за неговото црно одело, отстапување од неговата вообичаена воена облека.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Политички бенефит за Зеленски од безбедносните гаранции на САД и Европа


Безбедносни гаранции

Главна тема на средбите беа безбедносните гаранции што ќе му бидат проширени на Киев како дел од договорот за прекин на борбите.Трамп ја исклучи можноста Украина да се приклучи на НАТО, но на 18 август рече дека европските земји „сакаат да дадат заштита и ние ќе им помогнеме во тоа“.

Трамп изјави за време на првичниот билатерален состанок со Зеленски дека европските земји ќе обезбедат „прва линија на одбрана“, но САД ќе „бидат вклучени“.

Зеленски подоцна се осврна на купувањето воена помош во вкупен износ од 90 милијарди долари и рече дека безбедносните планови ќе бидат „формализирани на некаков начин во следната недела или десет дена“.

Тој рече дека територијалните прашања поврзани со потенцијалниот мировен договор ќе бидат разработени меѓу Украина и Русија.

Видете и ова: Зеленски бара безбедносни гаранции, Трамп возвраќа пред состанокот во Белата куќа

Разговорите еден на еден на Зеленски со Трамп се одржаа пред германскиот канцелар Фридрих Мерц, шефот на НАТО Марк Руте, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, италијанската премиерка Џорџа Мелони, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и финскиот претседател Александар Стаб да се приклучат на состанокот.

Руте рече дека е „пробив“ што САД ќе се вклучат во обезбедувањето безбедносни гаранции. Иако нивото на вклученост на САД сè уште не е утврдено, на состанокот не се дискутираше за можноста за распоредување на американски трупи во Украина.

Во интервју за „Фокс њуз“, тој исто така рече дека американските и европските лидери разговарале за „безбедносни гаранции за Украина според член 5“, додавајќи дека е важно гаранциите да го спречат Путин повторно да се обиде да нападне делови од Украина.

Член 5 од договорот за НАТО е клаузула за заемна одбрана на алијансата.

Европските лидери дојдоа во Вашингтон за да покажат обединет фронт за Украина, а многумина го пофалија Трамп, кој неодамна се закани со санкции и други мерки за брзо завршување на војната.

„Идејата дека лидерите на многу европски земји едноставно оставија сè и долетаа за да го одржат овој состанок сугерира колку се многу нервозни дека нешто ќе се случи“, изјави за РСЕ Дејвид Силбеј, професор по воена историја на Универзитетот Корнел.

„Да бев Зеленски, можеби немаше да бидам прекоруван во Овалната соба, но не би се чувствувал нужно премногу оптимистички“, рече Сибли.

Речиси сите лидери по разговорите посочија дека сè уште има долг пат, иако состаноците се чинеше дека ги поттикнаа напорите за завршување на војната откако самитот Трамп-Путин во Алјаска на 15 август не успеа да постигне прекин на огнот.

„Ова беше многу јасен показател за единство меѓу Украинците и Европејците. И тие - сите заедно - се обидуваа да го вратат Трамп од неговото свртување кон Русија што се случи во Алјаска“, изјави за РСЕ Оксана Шевел, професорка по политички науки на Универзитетот Тафтс и експерт за Украина.

Западните медиуми објавија по самитот дека Путин предложил мировен договор што би вклучувал повлекување на Украина од голема територија во регионот Донбас.

Ова го подигна алармот во Киев и европските престолнини, кои стравуваат дека повлекувањето од силно утврдените области би ја оставило Украина опасно изложена на понатамошни руски напади.

„Добар разговор“

Зеленски рече дека имал „многу добар разговор“ со Трамп во нивните билатерални разговори и долга дискусија за територијата.

Зеленски откри дека двајцата мажи заедно поминале преку мапа. Неговиот шеф на кабинет, Андриј Јермак, објави фотографија од нив како го прават тоа. Но, Руте и другите европски лидери рекоа декаразмена на териториине била дискутирана на нивните состаноци во Белата куќа.

Трамп повтори на 18 август дека неговата цел е „долгорочен мир“, велејќи дека прекинот на огнот е непотребен.

„Ќе видите дека Путин навистина би сакал да направи нешто“, додаде Трамп, велејќи дека Путин му рекол во Алјаска дека ќе биде отворен за прифаќање безбедносни гаранции.

Мерц и Макрон рекоа дека сите други земји на состанокот во Белата куќа сакаат прекин на огнот за да се стави крај на ваквите напади.

Мерц, исто така, го повика Трамп да изврши „притисок“ врз Путин за да го принуди на трилатералниот состанок, додека Макрон рече дека подоцнежната фаза од преговорите треба да ѝ овозможи место на масата и на Европа.