Господине Михаилов, во средина сме на летото, пожарите не запираат. Можете ли да кажете со колкав човечки капацитет Национални шуми учествува во гасењето на пожарите?
Ние како јавно претпријатие во моментов сме присутни насекаде каде што ќе се појави каква било потреба од нас. А новитет е она кое што, за разлика од минатото, кога имаше една состојба која што ја затекнавме пред доаѓањето на новата власт, нашите вработени не одеа ниту на шумските пожари, затоа што истите беа без соодветна опрема, немаа плата земено, без придонеси. За разлика од тогаш, сега нашите вработени ги гледате буквално на сите пожари, вклучително и на оние коишто не се наша обврска.
Значи ние во моментов секако онаму каде што ќе биде побарано помош од нас, се појавуваме. Значи класичен шумски пожар е една работа, меѓутоа оние пожари коишто отпочнуваат и на површини коишто не се шуми, се мисли пред се на полски површини, пасишта, приватни шуми, па и одредени депонии, урбан пожар како што беше пожарот во Софилар во Струмица, таму и нашите вработени беа рамо до рамо со пожарникарите од територијалните противпожарни единици и оние коишто се од доброволните противпожарни друштва.
Имате ли пресек во досегашниот дел од летово колкава површина e изгорено и колкава е штетата која што е нанесена на шумскиот фонд?
Она кое што морам да го потенцирам е дека во однос на минатата година, оваа година е далеку подобра во смисла во однос на површините коишто се зафатени со пожари. Она кое што го имам како конкретен податок е од Нова година до крајот на јуни, значи пред почетокот на јули, ние имаме некаде околу 50-тина пожари во коишто беше зафатена релативно многу мала пред се површина, а секако сразмерно на тоа и штетата по однос на нашиот дрвен фонд е мала.
Меѓутоа, месецот јули веќе имаме една нова состојба во која имавме преку 550 пожари на отворено зборам, а од тие се продуцирани некаде над 50-тина шумски пожари. Што значи ако од почетокот на годината за шест месеци имаме 50-тина, ние само во месец јули ја имаме истата таа бројка.
Кај нас пожарите можат да зафатат површини коишто се голи, пред се зафатени само со трева, површини на коишто имаме многу слаба деградирана дрвна маса и површини на коишто имаме високо квалитет на шума.
Во моментов сè уште се прават анализите за оние најголеми пожари коишто беа во месец јули. Пред се се мисли на пожарите во Николиќ, т.е. во општина Дојран, којшто дојдоа до границата со општина Валандово. Пожарот на Готен, којшто до овој момент е еден од најголемите и истиот за жал зафати површини од три општини.
Меѓутоа во однос на финансиската конструкција во овој момент не би можел да дискутирам. Можам да кажам само дека некаде околу 9000 хектари вкупно беа зафатени, вклучително и во месец јули, онаа окуларна пресметка која што јас ја направив, затоа што бев на повеќето од тие пожари присутен лично.
Неодамна изјавивте дека сериозно се сомневате дека дел од пожарите се подметнати. На што се должи тоа тврдење?
Вака сега, 550 пожари во еден месец е бројка која што фрапира. Никој не може ниту мене, ниту било кој од граѓаните на Република Македонија да ги убеди дека сето тоа е случајност. Од 1 јули до 24 јули има поднесено од страна на МВР 19 кривични пријави за условно кажано пиромани или луѓе коишто на некој начин поднеле подметнале пожар.
Дали тој бил намерно или ненамерно, сепак биле учесници во некакво отпочнување на пожар. Преку 27 лица беа притворени конкретно поврзано со пожарите. Значи нема поголем показател од ова. Знаете каква бројка е оваа? Јас правев анализа од 2014 година до 2024 година во Република Македонија има поднесено само 15 кривични пријави за 10 години по однос на пожарите и нивното настанување. А ние во еден месец МВР поднела 19 кривични пријави.
Имаше и обвинувања дека дел од пожарите во земјата се политички мотивирани...
Има јавно достапни информации дека беше притворен еден член на ДУИ, мислам дека беше, а во Струмица беше фатен на лице место телохранителот на бившиот премиер Зоран Заев.
Сето тоа укажува дека можеби и дел од пожарите се политички мотивирани. А јас гледам и една друга ситуација овде која што за мене лично е навистина ме тера да размислувам во таа насока. Еве конкретно пожарот на Готен со тој пожар се боревме 13 дена, за девет, 10 дена ги решивме Василево и Радовиш, остана уште три дена коишто го решија делот кракот со Берово. За тие први 10 дена додека се боревме буквално на трите фронта, неколку дена на територијата на општина Струмица ни се појавија пожари на различни локации во исто место, т.е. во исто време.
Значи еден ден, некаде беше можеби петтиот, шестиот ден додека ние нели се бориме со пламените јазици на Готен. Ни се појавија два пожари во исто време. Едниот пожар беше пожарот на гробиштата, на градските гробишта во Струмица, којшто поради лошото време, силниот ветар се прошири кон местото викано Софилар и таму се боревме со огнените јазици, а во исто време, значи буквално во во во размакот можеби 5-10 минути се појави пожар во над селото Сушево во општина Василево, пак на територијата на ааа на подружницата на територијалната противпожарна единица Струмица.
Се примија над 300 нови пожарникари, кои треба да бидат во служба на гасење на пожарите. Тоа се сезонски пожарникари кои ќе бидат во рамки на општините. Лично на што сметате дека се должи незаинтересираноста на граѓаните, бидејќи реално не можеше ни да се исполни таа квота од 400 пожарникари коишто се бараа првично?
Па искрено мислам дека е поради тоа што не знам дали дел од тие луѓе ја сфатија поентата.
И дали можеби и финансискиот момент одигра улога, имаше реакции во однос на сумата.
Тоа и сакав да го кажам. Таму се јасно се кажа дека оние луѓе кои во текот на овие неколку месеци ќе ги поминат, сега да не кажам дека ова е тестирање, меѓутоа дел од тие луѓе можеби за прв пат ќе се соочат со една таква проблематика со пожари, шумски, урбани какви и да се.
Можеби дел од тие луѓе нема да можат да се снајдат во таа улога. Меѓутоа, оние кои би се снашле онака како што треба, секако ќе останат како вработени во територијалните противпожарни единици по градовите, а таму секако платата не е онаа коишто сега ја имаат, минимално од 24.000 денари. И најверојатно тука тука се створи оној најголем немир кај граѓаните. Иако сметам дека преку 500 апликации имаше за ова за овој оглас, меѓутоа добар дел од луѓето отпаднаа на самиот почеток затоа што за таму се бараат и соодветни услови во делот на здравствената способност.
Затоа што треба оние кои ќе се соочат со чадот, со огнот на терен мора да бидат и физички способни и секако здравствено, затоа што многу лесно може да дојде до некој проблем таму не дај Боже и да после тоа нели имаме некои несакани последици.
Колку за два дена може да се добие соодветна обука?
Не може за два дена да се добие соодветна обука. Токму и затоа тие луѓе во моментов не се на терен. Значи тие луѓе се уште не се на терен, иако во Македонија имаме дневно имаме по 30-тина пожари, дел урбани нели дел пожари на отворено, меѓутоа тие луѓе се уште, немаат отидено на својата прва задача, затоа што најверојатно се уште траат обуките конкретно за ова кое што го кажавме.
Значи не може никој да пристапи на отворен огин без да претходно помине соодветни обуки, без разлика на опремата којашто ќе ја добие.
Така беше најавувано во јавноста дека обуките ќе траат само два дена...
Па да, имаше некоја таква најава, меѓутоа не знам дали обуки на терен два дена или како и да е, фактот дека се уште тие луѓе не се на терен, значи тие се уште вршат некакви обуки, можеби ќе бидат нели пратени некаде, јас не знам.
Мислам дека ДЗС најверојатно ќе располага со тие сили засега, меѓутоа сметам дека ќе се најде погодниот момент кога тие луѓе ќе се најдат рамо до рамо со сите наши вработени.
Дали веќе ги видовте сите забелешки кои доставени од Државниот завод за ревизија?
Ние затекнавме една огромна дупка. Со доаѓањето на новата влада, добивме финансиска инјекција од влада 240 милиони денари, со кои дел од нив беа санирани плати и придонеси. Од самиот почеток до ден денеска се исплаќаат редовни плати и придонеси и она што тековно ни излегува како обврска во однос на нашите вработени го исплаќаме. Дел од надворешните побарувања кои ги имаат извршителите се сервисираат како што ни даваат можностите. Ние не можеме да затвориме се наеднаш, тоа беше една огромна дупка, а ние тековно и работиме.
За колкава сума станува збор?
Негде околу 18 милиони евра беше сума која по сите основи претпријатието ја должи. А од друга страна бевме пренатрупани и со нововработени во очи на изборите, кои беа примени како сечачи и дотурачи, а за жал, ние огромен дел од тие вработени ги затекнавме како вработени во канцелриите.
Некој сметал дека треба да им даде работни задачи како архивари, сметководство. За жал, биле примани и шумарски инженери како сечачи. Тоа мислам дека не требало да биде направено. Ако веќе имало луѓе со соодветно образование, требало да ги примат како шумарски инженери, бидејќи на крајот на денот иако е превработено, нашето претпријатие во одреден дел кубури со вакви вработени и сме дефицитани во стручниот кадар.
Анализите покажуваат дека на годишно ниво се крадат дрва во вредност од 50 до 60 милиони евра. Меѓутоа и самите луѓе кои што се запознаени со таа проблематика кажуваат дека во тој синџир се од шумарите до шумска полиција, па и судството, со оглед на тоа што немаме и некоја голема судска пресуда во однос на дрвокрадството. Имате ли некакви механизми во борбата со оваа појава?
Како што кажавте, големи пари се вртеле и се уште се вртат во тој бизнис, огромен дел од луѓето во минатото биле вплеткани во тоа. Ние како ново раководство покажавме нула толеранција кон сите оние кои што на било кој начин сме нотирале дека имаат допирена точка со криминал. Тоа го покажува и фактот дека ние како ново раководство имаме десетици пријави кон наши вработени за кои што сме утврдиле дека имале каква било соработка со тие дрвокрадци. Значи имаме суспензии, имаме кривични пријави.
Зборуваме за годинава?
За период од една година. Зборуваме за моменти кои што во минатото биле незамисливи. Значи, и токму како што кажавте, неретко во тие случаи, не само каде што детектираме дека има поврзаност со наши вработени, тука, често пати се јавува поврзаност со делот шумска полиција, делот МВР, одиме до последна фаза, судството, ние го нотираме тоа, гледаме дека пресудите се млаки. Еве и во однос на пожарите, значи судството е последната алка која што ќе мора да застане на браникот на татковината.
Џабе е да ние фатиме и сто пиромани оваа година, ако судот го третира тоа како некој загрозување на општата сигурност и не е пироманство, значи, да оди по некои членови кои што се релативно поблаги со некои условни казни, на крајот од денот, тоа нема да придонесе да се менува свеста кај граѓаните.
Исто и во дрвократството, доколку ние не се соочиме со релативно големи казни. Јас во моите видеа, честопати, нотирав несекојдневни ситуации. Во една таква акција на Скопска Црна Гора, нотирав дека за еден човек има 37 пријави. За неговиот брат имаме 29 пријави.
За уште неколку луѓе кои што се членови на таа група, имаме преку 20 пријави. Пријави кои се поднесени. Судската разрешница по однос на тие поднесени пријава била, не знам, стотици евра казна или некаква условна осуда, која што не ги оттргнала од тоа која што го работеле предходно. Јас јавно прашав, дали ние во нашите акции треба да чекаме 38 пат да го фатиме лицето или 30 пат да го фатиме другото лице.
Верувајте, нашите колеги губат елан, прашуваат зашто работиме кога нема завршница сето ова.
Целото интервју со Миахаилов може да го погледнете во видеото погоре.