Кога американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега, Владимир Путин, ќе се сретнат оваа недела во Алјаска на разговори за ставање крај на војната во Украина, многумина ќе очекуваат пробив, иако Украинците со кои неодамна разговараше репортерот на Радио Слободна Европа немаат такви надежи.
По повеќе од три години војна, мировни преговори кои постојано се прекинуваат, пропуштени рокови и илјадници мртви додека Украина се бори да ги одбие руските трупи што ја напаѓаат земјата, се чини дека Украинците не го делат оптимизмот дека ќе има напредок во разговорите на 15 август - барем засега!
„Знаете, нема многу надеж за позитивен развој на настаните“, изјави еден човек во Киев за „Курент тајм“, додавајќи:
„Мислам дека ова е само нова фаза во синџирот на рокови. И се плашам дека ова ќе трае до крајот на мандатот на сегашниот претседател на САД.“
Пред состанокот, се чини дека Вашингтон ги подготвува Киев и Москва за големи компромиси за завршување на војната, а потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, предупреди дека каков било мировен договор веројатно ќе ги остави двете страни „незадоволни“.
Видете и ова: Венс: И Украина и Русија, најверојатно ќе бидат „незадоволни“ од каков било мировен договорРусија постојано ја игнорираше идејата за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, сугерирајќи дека тоа треба да се случи само откако страните ќе бидат блиску до потпишување на мировен договор, а не само договор за прекин на огнот.
Тој момент изгледа далеку со оглед на огромниот јаз меѓу руските и украинските позиции што опстојува по неколку големи прашања, вклучувајќи ја територијата и безбедноста и покрај трите рунди директни разговори во Турција од средината на мај.
Путин ја отфрли понудата на Зеленски да се сретнат лице в лице кога двете страни ја одржаа првата рунда преговори во Истанбул.
Тој го повтори тој став минатата недела, велејќи дека иако нема ништо против средбата со Зеленски, прво „мора да се создадат одредени услови“ и дека засега тие услови се „далеку“.
„Не очекувам ништо да произлезе од тоа. Очекувам само нешто од украинската војска“, изјави една жителка на Киев.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„Не очекуваме ништо“: Украинците за средбата Трамп-Путин во Алјаска
Разговорите доаѓаат во клучен момент, при што Трамп е сè повеќе фрустриран од Путин и рускиот претседател кои не покажуваат знаци на попуштање на максималистичките барања на Кремљ.
Трамп и Путин остварија шест телефонски разговори, а водечкиот претставник на Белата куќа, Стив Виткоф патуваше во Москва најмалку три пати.
Одлуката да се сретне со Путин лице в лице - нешто што претходникот на Трамп, Џо Бајден, одби да го направи по инвазијата - го одразува верувањето на Трамп дека неговиот однос со рускиот лидер ќе доведе до траен мировен договор.
За Путин, средбата со Трамп лично - без присуство на Зеленски или украински функционери - го издигнува на ниво на Трамп и се усогласува со неговиот став дека Зеленски е нелегитимен лидер и дека голем договор за завршување на војната може да се постигне само директно со Соединетите Држави.
Видете и ова: ЕУ лидерите бараат поголем „притисок“ врз Русија откако Зеленски одби размена на територииПатувањето во Соединетите Држави е исто така мала победа за Путин, кој е под потерница за воени злосторства издадена од Меѓународниот кривичен суд.
Членовите на судот се должни да го притворат, но Соединетите Американски Држави не се членка, а администрацијата на Трамп е отворено непријателски настроена кон Хашкиот трибунал.
Сепак, една жена изјави за „Курент Тајм“ дека иако не очекува никаков напредок како резултат на средбата, можеби Трамп ќе може да го турка Путин по патот кон мирот.
„Веќе не очекувам ништо“, рече таа, додавајќи:
„Сè уште се надевам на нешто. И моите пријатели исто така се надеваат дека Трамп ќе направи нешто“.
Американскиот претседател, Доналд Трамп изјави дека очекува „конструктивен разговор“ со рускиот претседател Путин за прекин на војната во Украина, додека Брисел се обидува да ја обезбеди улогата на Киев на самитот.
„Ќе му кажам: ’Мораш да ја завршиш оваа војна’“, истакна Трамп на конференцијата за новинарите во Белата куќа, прашан за неговиот состанок со Путин.
Трамп понатаму посочи дека веднаш по состанокот ќе го повика украинскиот претседател, Володомир Зеленски, но и другите европски лидери сугерирајќи дека веднаш ќе биде јасно дали постојат некакви изгледи за крај на војната.
Тој додаде дека САД не одлучуваат за самиот потенцијал на мировниот договор и го опиша состанокот на Зеленски и Путин како клучен за решавање на судирот:
„Следниот состанок ќе биде со Зеленски и Путин, или Зеленски и Путин со мене. Ќе бидам таму ако им требам“, рече Трамп.
Истовремено, министрите за надворешни работи на ЕУ одржаа видео конференција (11 август) со украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха. Тој предупреди дека самитот на Алјаска би можел да претставува дипломатска „замка“, која Русија би можела да ја искористи за да избегне одговорност за војната.
Сепак, Сибиха посочи дека преговорите меѓу САД и Русија би можеле да бидат корисни за Путин.