Достапни линкови

„Сè уште е далеку:“ Рубио за шансите за мир меѓу Украина и Русија


Државниот секретар Марко Рубио и американскиот претседател Доналд Трамп
Државниот секретар Марко Рубио и американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот државен секретар Марко Рубио и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изразија неизвесност околу шансите за постигнување мировен договор за ставање крај на војната во Украина, еден ден откако Вашингтон и Киев потпишаа договор со кој на САД им се дава пристап до минералните ресурси на Украина.

„Мислам дека знаеме каде е Украина и знаеме каде е Русија во моментов... Тие се поблиску, но се уште се далеку“, рече Рубио на Фокс њуз. Венс, зборувајќи во одвоено интервју за мрежата, отиде подалеку, велејќи дека војната во Украина нема да заврши „во скоро време“.

Рубио рече дека ако наскоро не дојде до вистински пробив во војната во Украина, американскиот претседател Доналд Трамп ќе мора да одлучи уште колку време да посвети на преговарачкиот процес, рече тој.

Соединетите Држави веќе предупредија дека преговорите дојдоа до „критична“ фаза, а недостатокот на напредок може да значи дека ќе ги напушти напорите да посредува за крај на конфликтот.

Рубио минатата недела рече дека иако е постигнат „вистински напредок“ во разговорите за ставање крај на руската инвазија на Украина во целосен обем, „оние последни неколку чекори од ова патување секогаш ќе бидат најтешките, и тоа треба да се случи наскоро“.

Трамп, кој го започна својот втор претседателски мандат во јануари, најави дека еден од главните приоритети му е завршувањето на војната војната во Украина. Тој повика на итен и целосен прекин на огнот и побара Русија да престане со неселективните напади врз украинските градови.

Венс рече дека е „оптимист“ за обезбедување на прекин на борбите, но на крајот ќе зависи од Киев и Москва.

„Тие се оние кои треба да го направат последниот чекор“, рече тој. „Ќе зависи од Русите и Украинците сега кога секоја страна знае кои се условите за мир на другата.“

Украина вели дека сака прекин на огнот од најмалку 30 дена за да се отвори патот за разговори за обезбедување праведен мир. Русија не се согласи на такво примирје, но претседателот Владимир Путин еднострано објави тридневен прекин на огнот следната недела што се совпаѓа со Денот на победата, а Кремљ соопшти дека е отворен за директни разговори со Киев.

Руските сили продолжуваат да извршуваат смртоносни напади со беспилотни летала и ракетни напади врз украинските градови речиси секоја ноќ. Зеленски ги повика западните партнери на Украина да преземат построги мерки против Кремљ.

Украинските војници скептични за 72 часовната понуда на Путин за прекин на огнот
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00


И САД и Украина на 1 мај го поздравија договорот за минерали, кој требаше да биде потпишан на 28 февруари во Белата куќа. Договорот за минерали беше потпишан на 30 април од првиот заменик премиер на Украина, Јулија Свириденко и американскиот министер за финансии Скот Бесент.

Украина рече дека договорот ги обезбедил клучните интереси по долготрајните преговори, вклучително и целосниот суверенитет над сопствените минерали, кои се од витално значење за новите технологии.

Вашингтон тоа го нарече нова форма на посветеност на САД кон Киев, откако Трамп ја прекина воената помош веднаш по неговото враќање на функцијата.

„Овој договор јасно и сигнализира на Русија дека администрацијата на Трамп е посветена на мировен процес фокусиран на слободна, суверена и просперитетна Украина на долг рок“, рече Бесент.

Трамп првично бараше права на рудното богатство на Украина како компензација за американско оружје од десетици милијарди долари испратено за помош на војската на Украина под поранешниот претседател Џо Бајден.

Зеленски во своето ноќно обраќање на 1 мај рече дека нема да се платат долгови од претходната американска помош за Киев. Тој рече дека договорот е „навистина рамноправен“ и таков што „создава можност за инвестиции во Украина“.

XS
SM
MD
LG