Достапни линкови

Трошановски - да се смени сценариото во рамката за преговори со ЕУ


Трошановски - Во раскараниот свет на шпекулации умира вистината
please wait

No media source currently available

0:00 0:20:21 0:00

Трошановски - Во раскараниот свет на шпекулации умира вистината

Медиумската (не)писменост, поларизацијата на американската култура на дебата и влијанието врз светот, како и преговарачката рамка со ЕУ се темите на неделното интервју со Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија „Социетас цивилис“.

Во вашата сфера на работа се истражувањата на јавното мислење, политичката култура, медиуми, политички комуникации и така натаму. Ти беше и гостин истражувач на Факултетот за новинарство и масовни комуникации на Универзитетот во Канзас во Соединетите Држави. Како од овој аспект го гледаш светот денеска, во кој правец одат промените што ги носи новата реалност во Вашингтон?

Да, работев таму баш на претседателската кампања Обама – Мек Кејн во 2009, на форматот на претседателските дебати, а нешто подоцна и во Гронингем, Холандија на тема политичка комуникација во социјалните медиуми. Тоа што доаѓа од Вашингтон и се одразува во глобала, во социјалните медиуми и зашто кажувам ова? Бидејќи овие два аспекта сега се клучни компоненти кои што ја определуваат политичката комуникација во денешното глобално обштество. На кој начин? Американската политичка култура на дебатирање значително се радикализираше, се поларизираше овие 15 години до ниво на непрепознатливост. И она што е карактеристично сега е нивото на анти научност, конспиративност во дебатите, непризнавање на аргументите базирани на импирија и на докази, што завзема значителен дел од сферата на аргументација во дебатата и што е големо изместување за нешто на што сме ние навикнати, научени, на што почива демократијата, јавното мислење као теоретски концепт.

Тоа е едниот аспект, а вториот аспект е политичката комуникација во социјалните медиуми, интернет порталите и така натаму, кои што сега доминираат во комуникацијата. Гледате дека и самиот Трамп започна на прес конференции да кани и инфлуенсери, јутјубери и така натаму, луѓе кои што припаѓаат на, условно кажаната „инфотеимент индустрија“ на забава и информација нешто што не проѓа низ едни филтри на професионално новинарство и во тој аспект социјалните медиуми како главен извор на политичка комуникација сега, значително влијаат повторно на поларизацијата на луѓето. Од кој аспект? Затоа што секој си стои во своето трло со своите пријатели, следачи, оние кои што му ги лајкнале, неговите гледишта на свет, интереси и така натаму и луѓето, публиката, јавноста, веќе многу тешко влегува во дијалог и комуникација, бидејќи прво е одделена во две различни димензии на знајењето, второ голем дел од таа димензија се потпира на непроверени ненаучни факти базирани на конспирација, на шпекулација и слично. И сето тоа резултира до еден раскаран свет кој што се рефлектира насекаде и бидејќи влијанијето на Америка неминовно е глобално, се рефлектира и кај нас во голем дел и како македонската јавност комуницира.

Сакате да кажете дека социјалните медиуми, дека нивното влијање врз новинарството, односно пренесувањето на информациите до публиката штетно влијае врз професионалноста воопшто на новинарството, па и на правоверноста на информациите кои се пласираат?

Сакам да кажам дека нивото на медиумска писменост кај јавноста, кај граѓаните за критички да ги восприемаат содржините на социјалните медиуми е далеку од задоволителното ниво. А тоа треба да биде претпоставка за да кажеме дека социјалните медиуми и новинарството преку социјалните медиуми играат позитивна улога. Да, граѓанското новинарство придонесе секој да може да сними поткаст, да раскаже приказна, да каже вистина и така натаму. Меѓутоа, заедно со тоа, дојде и до многу по голем квантитет на злонамерни, дезинформативни канали, содржини кои што го отруја просторот на јавна дебата и на јавно мислење. Нема медиумска писменост, тоа е зборот. Не за критичко промислување или интерпретација да раздели, што е вистина, што е лага, што е манипулација и така.

Како е во Македонија?

Македонија е на дното на таа листа, како што знаеме, во Европа, во дел на медиумска писменост. Имаме мало подобрување изминативе неколку години, иако се уште сме на дното. Активности имаше Агенцијата за визуални медиуми, има многу проекти во рамки на Граѓанското општество. Формалното образование, има модули за медиумска писменост. Нешто е подобрено за некој процент тој аспект. Меѓутоа, сепак, сме на дното. И тоа значи дека сме многу изложени на таква токсична, дезинформативна комуникацијска средина и амбиент за кој што зборував, а кој што е во голем дел мета на она што се нарекува хибридно војување од трети страни кои што сакаат да разнебитат едно општоство, преку создавање на содржини кои што ги раскаруваат, ги поларизираат луѓето, директно удираат во сржта, социјалната кохезија, сврзнато ткиво на едно општество на раскарани луѓе кои што не веруваат во никого и во ништо. Токму тоа, луѓето со ниска медиумска писменост не умеат да го препознат, веруваат во се што ќе прочитаат, а во Македонија такви има такви портали, медиуми и судржини и тие не се случајни, спонтани, туку се системски насочувани. Не само кај нас, току во многу земји во светот, така функционира хибридната војна и проблемот го имаат и Германија и Америка и Франција. Но ние не имаме ресурси да се бориме со тоа.

Неодамна Македонскиот парламент ги усвои измените и дополнувањата на Законот за медиуми, со што интернет порталите станаа дел од овој закон. Како гледате на оваа своевидна легализација на интернет просторот?

Јас позитивно и афирмативно гледам на тоа, го поддржувам и пред да се бев и во некои дебати и со ваши колеги околу тоа дека секој обид, знаете, има инстиктивна аверзија кон обидот за регулација во медиумскиот простор, и одма се гледа како обид за цензура или слично. Меѓутоа, повторно велам, кога имате поле врз кое немате контрола, секој може да направи портал, да плати пари и тој портал да стигне до многу други мора да имате одговорност. Мора да да има уредник, мора да има лице кои што ќе одговара и кривично за тоа што го напишал. Свесен сум за сите контроверзии.

Во дебатите многу години одамна, главното страхување беше дека во услови на авторитарни режими, ако е тоа регулирано, многу лесно може државата да ги затвори, забрани и на некој начин да ја скрати таа критичка мисла кон самата таа авторитарна власт.

Се согласувам, тоа е ризикот што постои, меѓутоа не можеме да зборуваме бинарно, никојаш не може да добиеме идеално типска ситуација. Реалноста е тоа дека сите медиуми кои што работат со љубов, труд, со професионален аспект од новинарството, се повеќе и повеќе се потиснати во сенка и засенети од хиперпродукција на други содржини, кои што се, се само не се професионално новинарство. И кога ќе го извагате тоа, на крајот на краиштата, само е прашање на време кога традиционалните медиуми или онлајн медиумите базирани на принципи на професионално новинарство ќе бидат на маргините на креирањето на јавното мислење, а се друго ќе заземат корпоративни медиуми, порталчиња и инфлуенсери на кои не им е потребно воопшто средства за да допрат до голема публика, кои што прават голема штета на јавното мислење, кое што е сржта и клучот на демократијата, бидејќи само информиран граѓанин гласа за разумен и нормален политичар кој што треба да креира политики и носи одлуки. Така е логиката, нели?

На 14 Април минатата 2024 година пред промената на власта во Скопје, во интервју за Слободна Европа рековте цитирам „Промена на преговарачката рамка со ЕУ мислам дека е прилично неверојатно сценарио“ и тоа го по врзавте и со дипломатскиот и геостратешкиот капитал на земјата. Власта предводена од ВМРО ДПМНЕ самоуверено настапи дека е можна промена, но деновиве од новата бугарска влада не само што беше потврдена позицијата дека условот вметнување на бугарското малцинство останува пред да почнат преговорите со ЕУ, туку потсетија и дека тоа не е единственото барање на Софија. И сега што? Има ли маневарски простор за владата?

Штетата е направена неповратно кога се искреира, кога се испреговара и прифати таа преговарачка рамка. Тоа е прво и мора да се каже и мора да го имаме на ум. Сега е многу тешко и сме ставени во една безизлезна ситуација и маневрски простор кој што ни е многу скусен како држава, особено поради тоа што реков, малиот дипломатски капитал кој што го имаме, малата држава сме, и второ, малото геостратегичко значење на земјата, нити значителни ресурси, нити економија, нити некоја позиција во моменталните геостратегички судири, како што ја има Украина, да речеме во моментот. И сето тоа не ни овозможува да преговараме за позиција, која е сега позиција на целата Европска Унија дека ја поддржа, бидеќи не согледаа какви скриени кукавички јајца внесуваат, прифаќајки ги протоколите и нивната поврзаност во таа преговарачка рамка, а дипломати кои што ни велат како сте можеле воопшто да потпишете таква нешто, конкретно за протоколите, зборуваме и слично.

Излезот никогаш не смее да го гледаме во промена на преговарачката рамка. Затоа, мора сите земји да се согласат, а на ниво на грижите кои што ги имаат сега во Европска Унија, таа тема е целосно на маргините и дали ќе се врати, не се знае. Она што можеме да го смениме е сценариото каде што има некоја веројатност, а тоа се условите под кои што таа преговарачка рамка ќе се имплементира. Како ќе бидат заштитувани малцинските права и што тоа значи заштита на малцинските права кај нас, како дел од преговорите. Тоа е Акциски план за заштита на малцинствата и да ги смениме условите под кои што разговара Историската комисија, зашто реално таа е најголемиот проблем кој што е вгнезден во протоколите. Другите комисии во светот и во Европа преговараваат по 50-60 години. Ние сме притиснати да имаме 8-10 состаноци годишно, според тој протокол што сме го потпишале, и при тоа да завршиме додека не станеме членка и за сите теми на кои што имаме асиметрична позиција со Бугарија и директно задираат во нашата достоинственост и идентитет. Тоа е нон-сенс. Тука треба да бараме како држава, и има разбирање кај европските земји членки, се поголемо и поголемо, дека европските стандарди на преговарање треба да бидат оние под кои што ќе разговара Историската комисија, како што разговараа Германија и Полска, Германија и Франција и така натаму.

Колку тоа разбирање за кое говорите кај некој земји членки може да преовладее и да се убеди и Софија да го прифати истото?

Многу е тешко, сега многу тешко, откако се ставивме во ваква позиција. Затоа повторувам, ние бевме големи критичари на францускиот предлог токму поради ова сега. И тоа што болеше тогаш најмногу е што знаевме дека после две години ќе дојдеме во позиција во која ќе треба да кажеме, а нели ви рековме? Но сега е веќе доцна и државата е впрегната во многу, многу тежок проблем. Единствено, на овој начин, преку инсистирање на овие две димензии, историската комисија која што нема деловник, која што треба да работи по европски стандарди. Ако успееме да издејствуваме такво нешто би било супер, и Акциски план за заштита на малцинства, кој што ќе се потпира врз реални опипливи параметри за тоа што значи дискриминација, што значи говор на омраза, што значи образование кое што води сметка за малцинството и така натаму, а не да разговараме за теми како тоа дека доказ за говорот на омраза во една земја се илјадници постови на Фејсбук, како што предходно имавме од бугарската страна тврдења дека гаиме како држава некаква системска дискриминација и говор на омраза кон бугарското малцинство, што е апсолутно непотврдено во ниту еден извештај за човекови права.

На внатрешен план, некако се почнаа да се врти околу локалните есенски избори. Дали политичката култура меѓу партиите е подобрана во однос на еве, минатата година?

Би рекол дека имаше и има период после изборите на постојано третирање на политичкиот противник како непријател, а не како ривал соперник во некаков здрав политички натпревар преку вербални дисквалификацији, етикетирање и така натаму. Меѓутоа, мислам дека она ниво на емотивен набој и интензитет, на навреди, на омраза, би рекол, пизма која што провејуваше, барем во македонскиот табор на политички партии е понамалена. Тоа е впечатокот кој што јас го имам. Имавме трагедии кои што ги обединија политичарите, барем тука се обидуваат да изградат заеднички позиции, да застанат заедно за планот за раст, реформската агенда и така натаму што е убаво да се види и ретко да се види. Мислам, добро резонираше кај луѓето. Оно што е проблем е што кај дел, кај албанската етничка заедница, се уште силно провејува наративот на виктимизација кој што ги прави луѓето повторно да бидат постојано гневни, фрустирани, да не најдат заеднички именител на соживот и така натаму, нешто што мислам дека е веќе застарено и треба да се напушти да гледаме на работите што ќе го подобрат општеството и економијата.

Мислите дека ќе остане ова ниво, барем делумно, како што се ближат сега локалните избори наесен?

Не би бил толку оптимист, но би сакал да е така.

А како ја оценувате комуникацијата меѓу власта и граѓаните?

Би рекол дека од аспект на политичка комуникација ВМРО секогаш како партија имала доста интензивен однос кон јавноста. Посветувала многу внимание и ги мерела своите потези за рејтингот, дури некогаш и на штета на државата и од тој апскет тоа се рефлектира и врз работата на владата. Од аспект на стратешки комуникации, што тие се подразбираат, значи да се води постојан, доста конзистентен однос кон сите групи во општеството и тие да бидат информирани и комуницирани. Мислам дека ВМРО го прави тоа добро. Владата, предводена од ВМРО, го прави тоа добро заедно со ВЛЕН. Сепак се уште не сведочиме на узурпација на медиуми како што тоа го направи предходната влада на Груевски, окупирање и киднапирање на медиумскиот простор. Такви пракси некои не се на повидок и би рекол дека е тоа добро, нити пак гледаме некое големо купување на уредувачка политика преку постојните медиуми. Така да, од тој аспект мислам дека работите се одвиваат прифатливо, пристојно.

Опозицијата?

Опозицијата е отсутна, целосно. Мислам дека многу повеќе треба да е насочена кон предлози кои што даваат конструктивна критика на политиките. Мислам дека и нивниот комуникациски центар мора многу поактивно да го разработува, она што се нарекува влада во сенка, за секој ресор на ВМРО. Опозицијата, мора да има конкретен човек кој што би бил лице на опозициската алетернатива, да има понуда на политиките во тој домен и тој ресурс, преку конкретни политики кои што би се предлагале. Мислам дека тоа е единствениот начин во кој што може да се избави од нискиот рејтинг, Паушалните општи комуникации дека владата не работи или лошо работи не помагаат барем во оваа фаза.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG